НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русија донесе одлука за протерување дипломати од западните земји

1
By Нова ТВ on March 30, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Русија нареди протерување на повеќе дипломати од западните земји како реципроцитет на мерките што ги презедоа повеќе држави порадитруењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Велика Британија.

Оваа одлука следува еден ден откако Русија протера 60 американски дипломати – 58 од Москва и двајца од Екатеринбург и го затвори американскиот конзулат во Санкт Петербург, откако Вашингтон протера 60 руски дипломати и го затвори рускиот конзулат во Сиетл.

Москва денеска побара од британскиот амбасадор официјален Лондон да го намали својот дипломатски персонал во Русија за да го изедначи присуството со рускиот во Велика Британија. Москва исто така нареди затворање на Британскиот совет. Од Британија се протесрани 23 руски дипломати.

Амбасадорот на Велика Британија, Лори Бристоу бил повикан во руското Министерство за надворешни работи каде му била предадена протестна нота во која се вели дека “провокативните акции на Британија” довеле до одлука на другите влади да ги протераат руските дипломати.

Исто така му било кажано дека Велика Британија ќе мора дополнително да го намали дипломатскиот персонал во Русија, но не е јасно уште колку британски официјални претставници ќе мора да заминат од Москва.

Дваесет и девет земји досега протераа 145 руски дипломати во знак на солидарност со Велика Британија. И НАТО, исто така, нареди 10 руски претставници да ја напуштат мисијата во Белгија.

Советникот за национална безбедност на Велика Британија, Марк Седвил, изјави дека протерувањето на западните земји е насочено кон искоренување на тајните руски разузнавачки мрежи.

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, рече дека Русија соодветно ќе одговори, додавајќи дека причина за таквот потег е “грубиот притисок од САД и Велика Британија под изговор за таканаречениот случај” Скрипал “.

Тој побара руски претставници да ја посетат Јулија Скрипал, која е руски државјанин.

Русија, како што рече исто така, побарала состанок со Организацијата за забрана на хемиско оружје за “утврдување на вистината”.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутерес, во четвртокот предупреди дека светот ризикува “да дојде до ситуација која е слична, во голема мера, на она што го живеевме за време на Студената војна”.

Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија беа отруени со нервен гас во Салсбери, Англија, на 4. март. Скрипал и натаму е во критична, но стабилна состојба, додека состојбата на неговата ќерка Јулија се подобрува.

 

Британија дипломати наредба протерување Русија САД Свет Скрипал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.