НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Давидовиќ: Партискиот врв ја презел командата на МВР на 27 април

0
By Соња Петрушевска on December 6, 2018 ПОЛИТИКА
Фото МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Адвокатот на обвинетиот Александар Василевски Нинџа, чија одбрана денеска на судењето за 27 април откри нови моменти за тоа како бил организиран упадот во Собранието,  Звонко Давидовиќ рече дека по одбраната на неговиот клиент станува јасно дека ланецот на командување на МВР на 27 април бил преземен од партиски луѓе.

-МВР останала обезглавена и наместо полициски структури, командувањето на МВР се префрлило на партискиот врв, кој ја презел командата за да заштитат свои интереси, рече Давидовиќ.

На прашањето дали може да му се верува на Нинџа или тој може да го дава ваквиот иказ за да издејствуова нешто во своја полза, Давидовиќ потети дека Нинџа е меѓу ретките обвинети кои останаа во притвор во затворот иако тие понудиле гарација од имот и пари од 800.000 евра.

Давидовиќ рече дека ваквиот исказ Нинџа го дал и ред Обвинителството во јуни.

Инаку денеска, Нинџа во претпладневниот дел од сведочењето рече дека дека сите насоки за 27 април доаѓале од штабот на ВМРО ДПМНЕ.

Тој на 27 април влегол во штабот на ВМРО ДПМНЕ околу 18 и 10 како што рече таму бил ,,командно оперативниот штаб“, на ВМРО ДПМНЕ  односно Бришкоска, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски и Митко Чавков кој тогаш е директор на Бирото за јавна безбедност. Тие гледале директен пренос од протестите и како се доближувала толпата кон Собранието, давале насоки.

Бришкоска разговарала со Вељаноски и рекла дека ,,пратениците не си ја завршиле работата и не предизвикале инцидент“. Спиро Ристовски разговарал со водачот на протестите Богдан Илиевски Бетмен, Јанакиески со пратениците во Собранието, а Кирил Божиновски контактирал со општинските комитети на ВМРО ДПМНЕ и г повикувал веднаш да дојдат во Скопје, сведочеше Нинџа.

Тој исто така тврдеше дека програмата за протестите што ги организираше „За заедничка Македонија“ е правеле во штабот на ВМРО ДПМНЕ, а исто така и дека таму ги видел неговите водачи Владо Јовановски, Богдан Илиевски и Борис Дамовски, како излегувале од канцеларија на Кирил Божиновски кого, според Нинџа, го викале,,благајник“.

На прашање на обвинителката Вилма Рускоска, дали ова значи дека водачите земале пари од ВМРО ДПМНЕ затоа што Божиновски беше благајник на партијата, Нинџа кажа дека од Никола Бошковски му било речено дека ,,се исплатувани“.

На прашање на адвокатот на Борис Дамовски дали вистинските водачи на протестите  „За заедничка Македонија“, биле Спиро Ристески и Кирил Божиновски, Нинџа одговори потврдно.

Хард дисковите од Собрание биле уништени и фрлени во Вардар

Според сведочењето на Нинџа тогашниот шефот на УБК Владимир Атанасовски дал наредба да се уништат хард дисковите од Собранието, рече во денешното сведочење Александар Василевски Нинџа за настаните од 27 април.

Тој кажа дека бил сведок на телефонски разговор во една база на УБК, меѓу Никола Бошковски, тогашен шеф на тајната полиција со директорот на УБК Атанасовски.

По ова Сашо Марковски исто така вработен во УБК, во базата на УБК, ги ставил на преса и ги исекол со ножици. Кога заминале од базата, Василевски бил со Никола Бошковски во близина на населбата Ќерамидница, Бошковски го паркирал возилото и во Вардар ги фрлил ќесите во кои биле искршените парчиња од хард дисковите. Бошковски му рекол на Василевски дека хард дисковите ги одзел Сашо Марковски и користел хируршки ракавици. Василевски рече дека добивал закани од Горан Грујевски да не се предава.

На почетокот од својата одбрана денеска, Нинџа рече дека бил тајно вработен во УБК во одделот за оперативна техника и прикриени операции односно во Петтата управа. Тој рече дека освен Нинџа имал и друг прекар ,,Самурај“ и овој прекар му го дал началникот на Петтата управа Горан Грујевски во 2015 година. Грујевски го ангажирал на почетокот на 2015. кога тогашниот лидер на опозицијата почнал да ги објавува бомбите. „Самурај“ имал задача да ги следи луѓето што ќе му ги посочел Грујевски и лично нему да му реферерира. Василевски имал легитимација од УБК, пиштол марка „магнум“ и радио станица на која можел да ја слуша целата комуникација на сите полицајци низ Македонија, вклучувајќи го и Скопје.

 

 

 

27.април ВМРО-ДПМНЕ Давидовиќ МВР Нинџа сведочење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.