НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Митревски ја сочува победата во Ескишехир: Македонија по шести пат на ракометно ЕП

0
By Нова ТВ on June 13, 2019 СПОРТ
Фото: macedoniahandball.com.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кире Лазаров и ракометната дружина од Македонија се ставија во ситуација да треперат до завршниот звук на сирената во Ескишехир за конечен триумф над Турција со 26:25 во претпоследното коло во квалификациите за ЕП 2020. Тоа значи преземање на првото место во групата 3 со седум бода, еден повеќе од Исланд, и што е најважно петто последователно учество на завршните турнири од 2012 година, вкупно шесто од независноста на државата. Најзаслужен за третата победа во циклусот, на крај, се покажа голманот Никола Митревски кој го одбрани турскиот напад за израмнување.

Македонија добро го отвори натпреварот. Во првиот дел имаше водство од 7:3 и 10:7 пред репрезентативците на Турција да почнат беспоштедно да се борат за секоја педа и топка на теренот. Пожртвуваноста им донесе ефект во финишот на полувремето. Најпрво поведоа со 11:10 за првпат во мечот и на одмор заминаа со 13:11, а во 42. минута имаа и 19:15.

Како пресвртен момент во натпреварот се покажа тајм-аутот на Данило Брестовац по чии совети „црвено-жолтите“ се вратија во егал и на осум минути до крајот во ново водство. Турските ракометари остана фокусирани, борбени и желни за одмазда за поразот во Битола со 27:31, но Митревски се испречи во последната нивна шанса за избегнување на пораз.

Дорук Пеливан беше најефикасен на средбата со десет гола додека лидер во македонската селекција беше капитенот Кире Лазаров со седум погодоци. Пет постигна Филип Талески, по четири реализираа Гоце Георгиевски и Борјан Маџовски.

Грција приреди уште едно изненадување во групата со ремито (28:28) на домашен терен против Исланд. Репрезентација на јужниот сосед е последен ривал на избраниците на Брестовац во циклусот. Мечот е закажан на 16 јуни во Струмица.

Европското првенство во 2020 година ќе се одржи од 10 до 26 јануари во Шведска, Австрија и Норвешка.

Квалификации за ЕП 2020 во ракомет (м)

Група 1

Израел – Германија 25:40

Косово – Полска 23:23

Табела: Германија 10, Израел 4, Полска 3, Косово 3.

Група 2

Швајцарија – Хрватска 28:33

Белгија – Србија 26:37

Табела: Хрватска 9, Швајцарија 6, Србија 4, Белгија 1.

Група 3

Турција – Македонија 25:26

Грција – Исланд 28:28

Табела: Македонија 7, Исланд 6, Турција 4, Грција 3.

Група 4

Летонија – Словенија 25:24

Естонија – Холандија (13 јуни)

Табела: Словенија 8, Летонија 8, Холандија 4 (-1), Естонија 0 (-1).

Група 5

Финска – Чешка 24:26

БиХ – Белорусија 25:31

Табела: Чешка 8, Белорусија 6, БиХ 6, Финска 0.

Група 7

Словачка – Унгарија 20:21

Италија – Русија (13 јуни)

Табела: Унгарија 9, Русија 5 (-1), Италија 4 (-1), Словачка 0.

Група 8

Украина – Данска 30:33

Фарски Острови – Црна Гора (13 јуни)

Табела: Данска 8, Украина 6, Црна Гора 3 (-1), Фарски Острови 1 (-1).

Табела на третопласираните селекции

БиХ 6 бода

Србија 4

Турција 4

Итачија 4 (-1)

Полска 3

Црна Гора 3 (-1)

Холандија 2 (-1)

Романија 2 (-1)

ЕП 2020 квалификации Македонија ракомет репрезентација Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.