Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Декларација на Самитот во Загреб: Потврда за европската перспектива на Западен Балкан

0
By Нова ТВ on May 7, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 7, 2020 10:50

Во услови на глобална здравствена, но и економска криза, лидерите на Европската Унија и на Западен Балкан успеаја да го задржат на дневен ред Самитот во Загреб што, според учесниците, е знак дека регионот останува „апсолутен приоритет“ за ЕУ. Декларацијата усвоена синоќа се фокусира првенствено на кризата со коронавирусот и на солидарноста меѓу двете страни во надминувањето на пандемијата и нејзините социо-економски последици.

Пакетот од 3,3 милијарди евра распределен според потребите на сите шест земји од регионот и пристап до инструментите што се отворени исклучиво за земјите членки за побрзо и поефикасно да дојдат до потребните заштитни и медицински опреми, се само некои од иницијативите кои ЕУ ги воведува за да ја покаже својата посветеност кон Балканот.

А, штом започнат преговорите за повеќегодишниот буџет на Европската Унија (2021-2027), ЕУ се заложи дека посебно внимание ќе биде посветено на западниот Балкан преку етаблирање во таканаречениот Економски и инвестициски план, кој има за цел да го помогне економското закрепнување на земјите од регионот. Сите фондови кои ЕУ ќе ги става на располагање за регионот ќе бидат предмет на строга контрола од страна на институциите на ЕУ, а во случај на злоупотреба на парите, одговорноста ќе биде кривична.

Фото: n1info.com

Иако самитот не беше посветен на проширувањето како процес, заложбите за ЕУ перспективата на регионот не изостанаа, меѓутоа во поблага форма од пораките дадени во 2000 година и во 2003 година во Загреб и во Солун.

Процесот на проширување и пристапните преговори разоткрија бројни слабости со тек на време. Двете земји кои моментално преговараат со ЕУ, Србија и Црна Гора, вчера беа рангирани како „хибридни режими“ односно нецелосни демократии, што ја потврдува тезата на оние земји членки на ЕУ кои бараа промена на процесот на преговарање, како Франција.

Во овој контекст, топло беше поздравено усвојувањето на новата преговарачка методологија, како и одлуката за отпочнување на преговорите со Северна Македонија и со Албанија. Новата методологија, потсетија ЕУ челниците, ќе овозможи и забрзување на евроинтегративниот процес за земјите кои имаат политичка волја и капацитет за тоа, преку создавање поефикасен и пополитички процес.

„Демократските стандарди постојат за да овозможат забрзување на процесот, преговорите се трансформативен процес и колку е земјата поангажирана повеќе напредува. Како и да е „останување на паркингот“ не е поттик“, изјави Андреј Пленковиќ, хрватскиот премиер чија земја претседава со ЕУ до први јули.

Хрватскиот премиер оцени дека ЕУ испорачала во однос на очекувањата на земјите од регионот, додека претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, потсети дека „до пред неколку месеци“, ЕУ не беше во можност да се усогласи во однос на проширувањето, алудирајќи на блокадата за преговорите со Северна Македонија и Албанија минатата есен, разлики кои денес се надминати.

 

Фото: europa.eu

„Токму поради нашиот политички ангажман ја донесовме одлуката за Северна Македонија и за Албанија и нашата порака е многу силна, а по кризата со ковид-19 ќе биде суштински да развиеме силна стратегија, да инвестираме на краток и на долг рок, да се намалат тензиите, да се имплементираат реформите“, додаде Мишел.

Процесот, меѓутоа, неизбежно ќе се забави поради глобалната санитарна криза.

„Пандемијата е огромен предизвик во однос на роковите за процесот на проширување“, призна претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Сепак, за неа, кризата може да се искористи за да се консолидира процесот.

Фото: twitter

Еден од предлозите на Комисијата, е во текот на оваа година, како дел од преговорите за буџетот на ЕУ, да се понуди и широк „Економски и Инвестициски План“ за регионот за да им се помогне на земјите и на компаниите да се справат со финансиските последици од кризата.

„Ако сме паметни и обединети можеме да ја искористиме кризата за да се зближиме. По рестриктивните мерки ќе следи огромна економска штета и ако се движиме кон програма за закрепнување, како што е инвестицискиот пакет, во кој ќе се фокусираме на поврзување, дигитализација и на „Зелениот пакт“, можеме заедно да го надминеме ова“, рече Фон дер Лајен.

Европската перспектива е потврдена од страна на земјите членки и на институциите на ЕУ, стои и во завршната декларација, а таа перспектива останува во најголем дел во рацете на земјите од регионот и нивниот реформски капацитет.

„За време на оваа средба имавме прилика да ја потврдиме уште еднаш европската перспектива на партнерите од западниот Балкан, потврдувањето е многу важен сигнал дека треба да продолжат реформите во владеењето на правото, борбата против корупцијата, слободата на медиумите“, рече претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел.

Андреј Пленковиќ Декларација ЕУ Западен Балкан Самит Урсула фон дер Лајен Шарл Мишел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.