Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вулин: Никој не бара мислење од претседателот на С. Македонија, ниту го прифаќа

0
By Нова ТВ on May 16, 2020 ВЕСТИ
Фото: vestinet.rs
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 16, 2020 11:37

Остра реторика од Белград по изјавата на македонскиот претседател Стево Пендаровски за косовскиот весник „Газета Експрес“ дека е против идејата за менување на границите меѓу Србија и Косово. Со реакција се јави српскиот министер за одбрана Александар Вулин кој за тамошните медиуми истакна дека „никој не го прашува претседателот на Северна Македонија по тоа прашање“.

„Претседателот на Северна Македонија може слободно да молчи на јазикот кој никој, освен Србија, не го признава. А, на останатите јазици може уште погласно да молчи, бидејќи ниту некој бара мислење од него, ниту го прифаќа“, истакна Вулин.

Пендаровски, како што објави „Газета Експрес“, рекол дека „ги поддржува напорите на Европската Унија и на САД за компромисно решение меѓу двете земји што би имало цврста меѓународна гаранција која истовремено би придонела за стабилноста на регионот“.

Српската национална телевизија РТС ја пренесе изјавата на Билјана Радева, портпаролка на претседателот Пендаровски, за косовското издание на „Газета Експрес“. Во неа се вели „претседателот Пендаровски верува дека решенија, кои можат да доведат до промена на границите и размена на територии и луѓе, може да имаат штетно влијание врз регионот и врз сеопфатните напори што се вложуваат во постконфликтното опоравување на регионот и изградбата на одржливи мултиетнички општества“.

Како што пренесува РТС, во неа се додава дека „Пендаровски разбира оти може да постојат различни гледишта и ставови за решение и апелира до двете страни да изградат меѓусебна доверба за намалување на тензиите и за постигнување на напредок во дијалогот“.

„Газета Експрес“ Александар Вулин Граници изјава Косово Македонија Србија Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.