Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Преговори за парламентарно мнозинство и Влада: Средби во четири очи и без детали

0
By Нова ТВ on August 7, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 7, 2020 10:06

По завчерашните медиумски шпекулации дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се пред финализирање на договор за нова влада, по што следеше демант од ДУИ, партискиот лидер Али Ахмети вчера во ист ден имал одвоени средби и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. За средбата Мицкоски- Ахмети нема никакви детали, освен медиумски извештаи дека вчера попладне двајцата имале едночасовна средба во Парламентот на која разговарале за можностите за заедничка соработка и формирање ново парламентарно мнозинство. Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, повеќе детали изнесе за средбата меѓу Заев и Ахмети, оценувајќи дека била конструктивна и надежна за успешен епилог, но не и одлучувачка. Запрашан дали останува барањето за премиер Албанец, Османи не даде прецизен одговор.

„Ќе треба да почекаме, бидејќи не е коректно доколку сите наши позиции ги објавиме на маса. Денеска се разговараше за враќање на изгубената доверба во текот на изборната кампања, со цел да се создадат предуслови за поставување на маса на нашите позиции. Потребно е уште малку трпение. Ќе има средби и следниве денови“, изјави Османи во разговор за ТВ „21“.

Тој најави дека ДУИ не исклучува средби ниту со другите партии, а на прашањето за можна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, рече дека „не сака да одговара на хипотетички прашањa“.

Еленовски не е во игра

Од друга страна, во гостување на ТВ „Сител“, Османи ги демантира завчерашните медиумски шпекулации дека при состав на влада со ВМРО-ДПМНЕ, Лазар Еленовски би бил кандидатот на ДУИ за ротациски премиер две години.

„Апсолутно не е точна информацијата дека Лазар Еленовски ќе биде премиер. Ние си имавме кандидат за премиер на изборите и таквите шпекулации имаат цел да наштетат на ДУИ во процесот. Во моментот кога ќе има нешто конкретно, граѓаните ќе бидат информирани. Мислам дека постои едно оптимално решение кое ќе биде во интерес на граѓаните и во интерес на државата“, изјави Османи.

Притоа истакна дека деновиве има толку многу непроверени информации од сите страни, што тие не можат да постигнат да одговорат на сите.

„Бараме јавноста да почека на информации од партиите кои се учеснички во формирањето на мнозинството, а тие информации ќе бидат навремени и официјалбни. ДУИ прави сериозни напори овие денови што е можно побрзо да се формираат институциите, сепак граѓаните имаат потреба од што побрзо формирање на владата и на институциите за да се справат со сите предизвици. Оптимист сум дека брзо ќе дојдеме до решение“, рече Османи.

Дали ќе се дојде до брзо решение е сосема неизвесно, ако се имаат предвид информациите од извори од ДУИ, дека партијата не отстапува од барањето за премиер Албанец, па макар и тоа да биде една година, според моделот 3+1.

А по најавите од СДСМ дека партијата има обезбедено мнозинство, од ВМРО-ДПМНЕ побараа социјалдемократите да кажат со кого постигнале договор, но самите не дадоа одговор дали тие ги приближиле ставовите со ДУИ за коалиција.

СДСМ: Реформи и расчистување со криминалот

Лидерот на СДСМ, Заев вчера ја информирал амбасадорката на Германија, Анке Холштајн дека партијата води сериозни разговори за формирање на нова Влада која ќе работи во интерес на граѓаните.

„Водиме процес на разговори преку кои ќе обезбедиме сигурно и стабилно парламентарно мнозинство за нова и одговорна Влада со полн четиригодишен мандат. Развој и унапредување на економијата и реформи во правосудството ќе бидат врвните приоритети на новата Влада предводена од СДСМ и тоа ќе го покажеме уште во првите сто дена од мандатот“, нагласил Заев на средбата.

Партијата во изминатите два дена соопштува кои ќе бидат приоритетите на идната влада за која сега се водат преговори.

„Задача на новата влада е да обезбеди ред и дисциплина во сите институции и да расчисти со криминалот и корупцијата на сите нивоа, без разлика дали некој доаѓа од партија, од општина, од институција, дали е експерт, функционер, познат или непознат. Заеднички ќе биде договорен систем за проверка на потеклото на парите кај секој функционер. За раководителите за кои е утврдено нечесно работење, следуваат санкции. Тие што во име на граѓаните водат институции, мора да бидат отчетни, транспарентни и чесни и затоа воведуваме законска обврска за јавна објава на сите службени трошоци на сите функционери во извршната, локалната и судската власт“, соопшти партијата.

Друга приоритетна задача, според СДСМ, ќе биде спроведување на сериозна реформа на јавната администрација.

„Реформата ќе донесе ефикасно служење на потребите на граѓаните, но и промена со која обемот на администрацијата ќе се намали за 20 отсто. Предвиден е помал број на министри и рационализација на јавните служби кои истовремено ќе обезбедуваат поголем број и побрзи услуги за граѓаните. Дел од реформата е укинување и на патните трошоци за пратениците, бидејќи покажа можност за злоупотреби и сериозно ја намали довербата на граѓаните во своите претставници“, највуваат од СДСМ.

Во денешното соопштение, од партијата потенцираат уште една цел.

„Разговараме исклучиво за формирање Влада која се грижи за сите граѓани подеднакво, ослободени од какви било етнички предрасуди или каков било национализам. Влада, која нема никакви дилеми кога е во прашање нашиот заеднички пат кој се вика „Северна Македонија – Едно општество за сите”. На 15 јули граѓаните на фер слободни и демократски избори го дадоа правецот, дадоа силна поддршка грижата за сите во едно заедничко општество да продолжи уште повеќе и уште подобро“, се вели во соопштението.

Али Ахмети Бујар Османи Влада ВМРО-ДПМНЕ ДУИ Зоран Заев мнозинство разговори СДСМ Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.