Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борел: ЕУ ќе соработува со талибанците, но под строги услови

0
By Sashko on September 3, 2021 СВЕТ
Фото: tehrantimes.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 3, 2021 14:13

Европската Унија (ЕУ) ќе соработува со талибанците под строги услови, но тоа не значи дека ќе ја признае новата авганистанска влада, порача денеска шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел.

За да му помогнеме на авганистанскиот народ, ќе мора да соработуваме со новата влада во Кабул што не значи признавање. Тоа ќе биде оперативна соработка, изјави Борел на прес-конференцијата во Брдо, Словенија, пренесува „Ројтерс“.

Борел додаде дека соработката ќе се зголемува во зависност од однесувањето на авганистанската влада, на пример „ако Авганистан не биде база за извоз на тероризам во други земји“ и ако ги почитува човековите права, владеење на правото и медиумите.

Авганистан, исто така, ќе мора да формира инклузивна, репрезентативна преодна влада, да овозможи слободна достава на хуманитарна помош и да дозволи на странските државјани и на Авганистанците кои се изложени на ризик од одмазда да ја напуштат земјата.

Велика Британија, исто така, порача дека нема да ја признае талибанската влада.

Наш пристап е да не ги признаеме талибанците како влада. Велика Британија обично признава држави, а не влади. Ја разбираме важноста за соработка и директните линии на комуникација. Талибанците презедоа низа чекори, некои позитивни на зборови. Мора да ги тестираме и да видиме дали ќе бидат преточени и во дела, нагласи британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб за време на посетата на Пакистан.

Раб дополни дека Велика Британија ја деблокирала првата транша од 30 милиони фунти за хуминатарна помош за соседите на Авганистан кои се соочуваат голем мигрантски бран. Тој, исто така, истакна дека и буџетот за помош на Авганистан е зголем на 286 милиони фунти, но и дека идните исплати ќе одат преку хуманитарни организации.

Авганистан Влада ЕУ Жосеп Борел Критериуми Свет соработка Талибанци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

ВЕСТИ June 20, 2026

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ќе…

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.