НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Забрчанец за средбата на Вучиќ и Курти во Охрид: Вредностите на мирот и стабилноста најдобро се осознаваат кога тие се загрозени

0
By Xhabir Deralla on March 17, 2023 ВЕСТИ
(архива) Забрчанец на конференцијата на ЦИВИЛ за мултикултурализам, декември, 2022 (фото извор: ЦИВИЛ)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Средбата на лидерите на Србија и Косово (Охрид, 18 март 2023) е регионален и европски настан од највисок ранг, на која се решава едно од најгорливите прашања во регионот и пошироко. Разговараме со Марјан Забрчанец, Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, за значењето на овој настан, како и за улогата на нашата земја во овој и во поширок контекст.

„Вредностите на мирот и стабилноста најдобро се осознаваат кога тие се загрозени. Пред нашите очи се случува руска воена агресија врз суверената Украина, како и антидемократски хибридни напади врз територијата на Западен Балкан. Во вакви, услови, нема поважно нешто од наше повторно исправање пред предизвиците и наше повторно одговорно однесување во сопствено име, но и во име на регионот“, изјави Забрчанец за ЦИВИЛ Медиа.

Според Забрчанец, очигледно е дека меѓународната заедница, а и нашите соседи Србија и Косово го препознаваат нашиот перформанс во градењето мир и соработка на Балканот. „Како земја, како народ и како Влада, треба да сме горди што сме препознаени како платформа која може да придонесе кон трајни мировни решенија кои регионот го носат напред“, додава Националниот координатор, Забрчанец.

Кое е значењето на средбата Вучиќ-Курти во Охрид, воопшто и во контекст на процесите за унапредување на регионалната соработка во регионот на Западен Балкан?

ЗАБРЧАНЕЦ: Средбата на лидерите на Србија и Косово има огромна важност од две причини. Прво, целта е да се реши едно од двете најголеми отворени прашања на Балканот. И второ, се случува во крајно специфичен временски момент и контекст, кога светот е под закана на руските воени и хибридни агресии насочени кон европските земји и кон земјите членки или аспиранти за членство во НАТО.

Без разлика на исходот од утрешните охридски преговори, напорите кои ги вложуваат двете преговарачки страни, посветеноста на ЕУ и САД во барање решение и поддршката која ја даваме и ние како држава и целиот регион, покажуваат одговорност и посветеност кон мир и стабилност во моменти кога безбедноста е загрозена на глобално ниво. Верувам дека утрешната средба во Охрид е голема инвестиција во мирот на Балканот и во забрзување на нашиот заеднички европски напредок.

Не е првпат во нашата земја да се одржуваат значајни средби и да се потпишуваат значајни спогодби што се однесуваат и на горливи регионални прашања. Што значи тоа за нашата земја?

ЗАБРЧАНЕЦ: Ние, и како држава, и како општество, во неколку наврати демонстриравме одговорност пред внатрешните политички предизвици, но и во однос на отворените прашања со соседите.

Зад нас имаме два сериозни договори, Рамковниот и Преспанскиот, со кои обезбедивме траен мир и трајна интеграција на нашата земја во правец кон демократскиот свет. Иако со повеќе предизвици, на наше тло и во корист на европската перспектива на Балканот го склучивме и Договорот за соработка и пријателство со Бугарија, за чие обележување како успешен ни преостануваат уште неколку чекори за кои сум уверен дека се достижни и дека не повредуваат никого.

Кои се перспективите на регионалната соработка и која е улогата и значењето на Северна Македонија во тој контекст?

ЗАБРЧАНЕЦ: Очигледно е дека меѓународната заедница, а и нашите соседи Србија и Косово го препознаваат нашиот перформанс во градењето мир и соработка на Балканот. Како земја, како народ и како Влада, треба да сме горди што сме препознаени како платформа која може да придонесе кон трајни мировни решенија кои регионот го носат напред.

Наша одговорност е да продолжиме во таа насока, да работиме дома на одржување на мнозинството кое ја води земјата напред, да ги негуваме и унапредуваме односите со соседите уште повеќе, а предизвикот во односите со Бугарија да остане приоритет за решавање во најбрз можен рок.

Вредностите на мирот и стабилноста најдобро се осознаваат кога тие се загрозени. Пред нашите очи се случува руска воена агресија врз суверената Украина, како и антидемократски хибридни напади врз територијата на Западен Балкан. Во вакви, услови, нема поважно нешто од наше повторно исправање пред предизвиците и наше повторно одговорно однесување во сопствено име, но и во име на регионот.

Нашата улога во рамки на регионалните иницијативи за соработка како што се Отворен Балкан или Берлинскиот процес е суштинска и лидерска, имајќи предвид дека заедно со Албанија веројатно сме двете држави со најмалку отворени прашања во Западен Балкан, било домашни било со соседите. Ние имаме и право и обврска да ги интензивираме односите со соседите од регионот и тоа го правиме интензивно со различните проекти и иницијативи. Тоа е наша задача пред се заради економските перспективи, заради полесна мобилност на граѓаните и компаниите и заради обезбедување силна економска динамика во рамки на Западен Балкан и на релација Западен Балкан – ЕУ – САД, што е гаранција за повисоки стандарди и подобар живот на нашите народи.


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Вучиќ ЕУ Косово курти Охрид Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.