Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милионски криминал во Лотарија – Кривични против Груби, Ковачевски и Бајрами

0
By Marija Todorovska on December 16, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 16, 2024 21:12

Премиерот Ковачевски и вицепремиерот Груби се меѓу осумтемина лица за кои Министерството за внатрешни работи (МВР) бара кривична одговорност за наводен криминал вреден 8 милиони евра во Државната лотарија.

Од Обвинителството информираат дека досега не се собрани доволно докази за отворање на истрага против Премиерот и поранешниот владиниот секретар. Сепак, Груби и неговиот поранешен соработник, екс-директорот на Лотаријата Перпарим Бајрами, не ја имале истата среќа.

„Од собраните докази произлегува основано сомнение дека двајцата соизвршители, како одговорни лица во АД Друштво за приредување игри на среќа “Државна лотарија” на РСМ, во текот на 2023 година, преку своите посебни овластувања и должности, учествувале во дејствија кои довеле до штета за акционерското друштво, со намера да прибават противправна имотна корист за друга страна, која се проценува на значителен износ од 501.319.119 денари од буџетот на акционерското друштво“, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Покрај Груби и Бајрами, Обвинителството продолжува со собирање докази и за уште четири лица кои биле дел од комисиите за јавни набавки, под сомнение дека сите заедно спроведувале тендери за набавка на апарати за коцкање, спротивно на законските прописи.

Од вчера, Груби и Бајрами не се достапни за органите на прогонот. По извештаите дека избегал во Косово, Груби вчера вечерта се огласи на социјалните мрежи.

„Денеска патував за приватна посета. Ве молам немојте да измислувате и шпекулирате. Редовно патував со моите патни исправи и моето лично полициско обезбедување. Веднаш штом ќе ги завршам обврските, ќе се вратам дома кај моето семејство“, напиша Груби.

Меѓутоа, Тошковски тврди дека Груби не заминал редовно и открива дека полициските службеници на границата со Косово направиле пропуст. Тој го повика Груби да се врати во Македонија.

Ниту Министерството за внатрешни работи, ниту Обвинителството не објавуваат детали за тоа како точно се проневерени 8 милиони евра. Според неофицијални информации, се работи за тендер за набавка на машини за игри на среќа.

 

 

Бајрами Груби Ковачевски кривична криминал Лотарија МВР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 8, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

ВЕСТИ May 8, 2026

По протестите пред Министерство за култура и потоа и пред Уставниот суд, Синдикатот на култура на…

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.