НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО ХРОНОЛОГИЈА): МНР во знакот на Шарената револуција

0
By Влатко Чаловски on April 25, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денешното продолжение на „Шарената Револуција“ која трае над две недели низ улиците на Скопје но и во другите градови на Македонија започна пред просториите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), каде Сојузот на борци ја даде поддршката за граѓаните кои протестираат револтирани од одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов за аболиција на политичарите пред избори но и против власта и екс-премиерот Никола Груевски.

Дождот и ветрот не беа пречка за масовно присуство на граѓани од најразлична возраст да го започнат протестот во 18 часот со поддршка за работата на СЈО. Демонстрантите со нови беџови „Слобода за Здравко“ порачаа итно ослободување на професорот Здравко Савески, член на новата партија Левица, на кој пак во меѓувреме му беше изречена мерка куќен притвор и му беше одземен пасошот.

Од седиштето на СЈО протестот продолжи кон Собранието на Република Македонија, пропратен со полициски барикади од страните, односно пред ТЦЦ Плаза од каде што правецот води кон седиштетот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, потоа Министерството за Правда и Народната канцеларија на Ѓорѓе Иванов, локации кои претходно беа место за изразување на револтот на граѓаните.

Пред Собранието пред граѓаните-демонстранти зборуваа активистот Петрит Сарачини, професорот Иван Бабановски, пејачката Кристина Арнаудова, економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ како и портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Сите тие во своите говори потенцираа дека општествената состојба во Македонија мора да се промени за подобра иднина на идните генерации кои доаѓаат.

Пејачката Кристина Арнаудова пред републичкото Собрание порача дека има милион причини да протестира зошто сака да го каже својот став, но и дека протестира во името на нејзините колеги и сите оние кои избрале да молчат.

– Протестирам за моите пријалите кои си заминаа. Повеќе заминаа од државата отколку што останаа. Протестирам и за оние кои поради закана за нивните работни места мора да молчат. Протестирам и во име на моите колеги кои одбрале да молчат затоа што изборните кампањи се најдобро платените тезги, други веќе немаме, рече Арнаудова.

По речиси 1 час демонстрација на незадоволство протестот се пресели пред Министерството за надворешни работи, чие барокно седиште, воедно е и најновиот објект обоен во знак на Шарената револуција.

Како и вообичаено протестот заврши со скандирања против екс-премиерот Никола Груевски, пред Владата на Република Македонија, каде пред заминување на демонстрантите се сруши скелето на едната страна на објектот, што наиде на одобрување и извици од големата група граѓани.

Повеќе погледнете погоре во видеото. Протестите продолжуваат и утре во 18 часот пред седиштетот на СЈО.

#Шарена револуција Арнаудова Груевски демонстранти МНР протести Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.