НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ: Можни се тензии и притисоци од членството

0
By Нова ТВ on February 24, 2017 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Можни се тензии и притисоци од членството на ВМРО-ДПМНЕ, ако се прекрши принципот на коалицирање на победник со победник, истакнале денеска од партијата на средба со амбасадорот на Британија Чарлс Гарет и британскиот министер за Европа и Америка, Алан Данкан.

„Ние сме под голем притисок на нашите гласачи и нашето членство да се бориме и да не го дозволиме нарушувањето на тој принцип, затоа што во основа ние правично постапуваме цело време и сега некој друг не постапува правично кон нас. Ние ќе направиме се што е во наша моќ да ги задржиме мирот и стабилноста, но не знаеме како ќе се одвиваат работите. Ќе има тензија, луѓето се вознемирени, тоа е главната тема во нашата држава. Македонците поради тоа се длабоко фрустрирани особено што ова се прави поради неуставен закон за двојазичност на целата територија. Не сме убедени и дека една таква влада може да ги постигне тие цели во една таква атмосфера. Затоа предложивме дека е добро да се направат нови парламентарни избори“, рекле од ВМРО-ДПМНЕ пред дипломатите.

Според соопштението на партијата, Данкан  на ова одговорил „Наш заеднички интерес е да се остварат долгорочните цели на државата врзани со нејзините приоритети и нејзините интереси. Што се однесува до формирањето на Влада, тоа не е наша работа. Тоа е ваша работа, работа на партиите“.

Од партијата посочиле дека ако сега се прекрши принципот, истиот во иднина никогаш повеќе нема да важи бидејќи победникот повеќе би добил во коалиционите разговори од вториот или третиот по ред поголем партнер, отколку што би добил од најголемиот партнер за разговори.

На прашањето на амбасадорот Гарет, кои ќе бидат следните чекори на ВМРО-ДПМНЕ ако СДСМ формира влада со ДУИ, од партијата одговориле дека „има долга листа на чекори, но што конкретно би одбрале, не може да биде соопштено во овој момент“.

За рокот на СЈО од ВМРО-ДПМНЕ истакнале дека треба да се остане на она што било договорено во Пржино, и покрај тоа СЈО работело непрофесионално и како партиски огранок на СДСМ кој терал хајка против нивната партија.

На средбата присуствувале лидерот на партијата, Никола Груевски, Никола Попоски и Александар Николоски.

Влада ВМРО-ДПМНЕ дипломати ДУИ притисоци СДСМ СЈО средба тензии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.