Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Музичари, перформери, саунд алхемичари… Kако и да ги наречеме „Фолтин“, нивната музика да ја дефинираме како ворлд мјузик, синергија на звук, текстовите-активна метафора на суштински емоции, патување низ различни глобални бит ритми, на крај секако ќе заклучиме дека две и пол децении со нив растеа растеа повеќе генерации. Од „Архимед“ до „Недопрена“, преку „Везилка“ и „Слободната љубов“, „Фолтин“ е еден од оние бендови во чија музика спокојно може да се втурнете, искрено да танцувате, плачете, водите љубов… Каков пат изминаа од нивниот прв концерт на античкиот локалитет Хераклеја кај родната Битола во 1996 година, до есенва кога на истото место…
Нејзините дела исто така се одраз на нејзиниот болен однос со сопственото тело, инвалидитетот заради прележаната детска парализа и сериозните повреди по претрпената автобуска несреќа. Еден од последните автопортрети на мексиканската сликарка Фрида Кало насловен „Диего и јас“ ( Diego y Yo) е продаден на аукција на „Сотеби“ во Њујорк за рекордни 34,9 милиони долари. Ова е досега највисока цена платена за уметничко дело на латиноамерикански автор. Рекордот претходно беше поставен од Диего Ривера со кого Кало со децении имала страствена врска. Негова слика е продадена за 9,76 милиони долари во 2018 година. Автопортретот на Кало е приказ на расплаканата…
Во „Хомо“ сè функционира добро: сценариото (напишано од режисерот, заедно со Сашо Кокаланов) е солидно, а премините од една во друга приказна се мазни и добро осмислени, како и употребата на ликови што се повторуваат (адвокатот го игра Јордан Симонов, на пример), што дава чувство на единство на целокупното дело. Извонредна е и актерската екипа (особено треба да се споменат Оливер Митковски и Наташа Петровиќ), а филмот е снимен интелигентно и визуелно воодушевувачки, пишува во критиката за „Хомо“ По двете награди (награда од жири и од публика), за филмот „Хомо“, во режија на Игор Иванов-Изи, од фестивалот на европскиот филм…
За уметничката вредност на филмот „Тома“ е сосема бесмислено да се дебатира. Тоа што овој филм поттикна хистерија и лавина од емоции е нешто сосема друго. Тома е дел од една плејада народњаци, заедно со Тозовац, Цуне, Лепа Лукиќ. Тоа е онаа генерација која во „безгрижната“ Југославија произведуваше кафеански хитови, беше декор на семејните собири, ги радуваше нашите дедовци што вртеа лонгплејки додека одмораа по ручек или беа дел од редовниот репертоар на запиените боеми. Филмот „Тома“, кој е псевдобиографски филм за музичката легенда Тома Здравковиќ, ги преполни киносалите во сите поранешни југословенски Републики, а во истовреме неговата американска дистрибуција…
„Теоретичарот на уметноста Борис Гројс, со кого имамe интервју што ќе излезе во новиот број на „Големото стакло“ вели дека полето на активноста на уметноста не е пазарот, економијата, туку политиката, каде што треба да се пренесе новата порака. Сите овие светски имиња што дојдоа последниве 4 години во Скопје, не дојдоа заради пари, туку заради тоа што веруваат, го препознаваат, она што го правиме. Дел од успехот се должи веројатно и на она што се вика ехо ефект, ако нешто ви успее во самиот почеток, тогаш, како топка од снег што се тркала, само се зголемува“, вели Гаќина. На…
„На сцената на Лисински ЗЏМ, Биг -Бендот беше мек како свила, исто како што „удираше силно“ кога беше потребно. Непотребно е да се каже дека Македонците беа беспрекорни, пред сите да не „танцуваат“ низ фасцинантен настап во секој поглед“., пишува новинарот Зоран Стајчиќ. Пофални зборови, овации и врвни рецензии одекнаа во хрватските медиуми по синоќешниот концерт на најнаградуваниот џез-пејач на денешницата Курт Елинг во придружба на македонскиот Биг- Бенд ЗЏМ , (Биг-Бендот на Здружението на џез-музичари. Од видета на посетителите кои кружат на социјалните медиуми, се слуша френетичен аплауз по завршувањето на концертот. „Врвот на посетеноста на 12. Загребски џез…
За Ника Гавровска од „Гаврош“, малиот книжевен деликатесен базар е еклектичен спој од книжевни приказни, приказни од кујната и човечки приказни. По примерот на многу градови во светот каде што се одржуваат (пред)божиќните или (пред)новогодишните базари, во кафе „Горки“ во организација на издавачките куќи „Чудна шума“, „Сказнувалка“ и „Гаврош“, секоја сабота ќе биде организиран деликатесен книжевен базар, насловен „Кај тарабите“. Трите книгоиздателства најавуваат низа настани, нови наслови, вкусни деликатеси, попусти и предновогодишни пакетчиња. Првиот базар го најавуваат за во сабота на 13 ноември Кафе Горки (ул. Луј Пастер) се наоѓа непосредно до ул. Македонија, во уличката на Кино Култура. За…
Годинава се навршуваат точно 50-тина години од „Ембрио №. M“ на Петар Глигоровски, првиот македонски анимиран филм. Глигоровски, заедно со Дарко Марковиќ и Боро Пејчинов и уште шест автори се генерацијата која ги поставува темелите на македонската анимација. Овие автори го достигнуваат својот зенит кон крајот на 70-тите и почетокот на 80-тите години – создавајќи извонредни филмови кои учествуваа и добија значајни признанија на големи светски фестивали, вклучувајќи и „Сребрена мечка“ на Меѓународниот фестивал во Берлин. Анимираниот филм во Македонија е со долга традиција, а неговото петдецениско постоење ќе биде одбележано со настанот „50 години македонски анимиран филм“. Отворањето на…
Режисерот, оскаровец кој брзо ја освои пубиката по филмовите „Големата убавина“, „Младост“, серијата „Младиот папа“, и стана еден од водечките европски режисери, важна уметничка фигура која умешно ја отсликува модерна Европа, сите слабости, девијаци но и суптилни и единстевени ткаења, во својот прв роман кој е издаден во 2010 година, покажува неверојатен книжевен потенцијал. Неодамна во издание на „Антолог“ од Скопје е објавен првиот роман на режисерот, сценарист и писател Паоло Сорентино насловен „Прави се сите“ (Hanno tutti ragione) во превод од италијански јазик на Искра Димковска. Режисерот кој брзо ја освои пубиката по филмовите „Големата убавина“, „Младост“, серијата „Младиот…
„Уфици“ има толку брилијантни класични дела“, се вели во образложението, „некои посетители поради силните емоции кои ги предизвикале тие дела, дури завршувале во болница. Збирката на ликовниот музеј „Уфици“ од Фиренца е прва на листата на најдобри музеи во светот – на ова место познатиот музеј го стави британскиот магазин за култура „Тајмаут“. „Уфици“ има толку брилијантни класични дела“, се вели во образложението, „некои посетители поради силните емоции кои ги предизвикале тие дела, дури завршувале во болница. Иако сте го виделе делото на Ботичели „Раѓање на венера“ иљада пати, ништо не може да ве подготви за средба со тоа дело…
Според годишниот план и програма на клубот Врело, овие акции се одвиваат доста често на отворени или затворени водени површини во земјава, но за прв пат овојпат на Крапа, која е една од потенцијалните спелеолошки локации за подводно истражување и спелеолошко мапирање на истата. Користејќи го убавото есенско време деновиве, а воедно исполнувајќи ја една од целите на клубот, екологија, спелеонуркачкиот клуб „Врело“ од Скопје, организираше и беше носител на еколошка акција за чистење на отпад во месноста Крапа, општина Македонски Брод. Имено, клубот Врело, како спелеонуркачки клуб секоја година, па и оваа, го исполнува својот календар на еколошки активности,…
Поразително е голем бројот на жртвите кои тивко страдаат од девијации на системот и нормативите на закоравеното патријахалното општество. Идејата да се проговори на оваа тема преку театар е преточена во претставата на режисерката Нела Витошевиќ, насловена „Работи за кои не зборуваме“. Сосема искрено и брутално на сцената, три актерки и двајца актери прават “прошетка“ низ темните комори од кои се излезени бројни приказни на уништени животи како последица на наметнатите матрици на кои едноставно морале да се покорат. Со неверојатна енергичност актерките Ивана Павлаковиќ, Сара Климовска и Драгана Костадиновска се справуваат во улогите на силувани, исмејувани, понижувани жени, додека…