Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Тајван е нераскинлив дел од Кина и странска интервенција е неприфатлива, порача Кина како одговор на изјавата на претседателот на САД, Џо Бајден. Кинеските власти денеска упатија критика до американскиот претседател, кој рече дека САД ќе го бранат Тајван доколку е потребно во случај на негов конфликт со Кина.Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин ги коментираше изјавите на Бајден од вчерашниот форум на „Си-Ен-Ен“. Тајван е нераскинлив дел од Кина. Странска интервенција е неприфатлива кога станува збор за Тајван, рече Ванг. Тој, исто така, нагласи дека Кина одлучно ги брани своите интереси и нема да отстапи од…
Министрите за одбрана од 17 земји-членки на НАТО денеска се согласија да формираат фонд за развој на нови технологии до јуни во 2022 година. Фондот за иновации со најмалку една милијарда евра ќе инвестира во технологии што би можеле да се користат за одбрана и безбедност. Заедно ќе осигураме безбедност за нашите народи во светот што брзо се менува, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по дводневниот министерски состанок во Брисел. Пример за таква технологија е хиперсоничната пропулзија што, исто така, ја развиваат Кина и Русија, како и автономните авиони и другите роботски системи. Претходно оваа недела, министрите се согласија…
Проповедниците на врховната надмоќ на белата раса претставуваат најсмртоносна терористичка закана во САД, изјави американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон. Внатрешниот тероризам на белите расисти е најсмртоносната терористичка закана во нашата земја. За таа цел, нашата администрација ги презема првите сеопфатни напори за борба против заканата од внатрешниот тероризам, вклучително и движењето за надмоќ на белата раса. Ние го правиме тоа со преземање акција за намалување на нивото на радикализам преку интернет и борбата против мобилизирањето со цел вршење акти на насилство. Ние, исто така, ги уништуваме мрежите кои поттикнуваат насилство и внатрешен тероризам. Не можеме и не смееме да…
Повлекувањето на Русија од Советот на Европа или од ОБСЕ може да доведе до домино ефект и прекин на учеството и на други земји во овие организации, оцени денеска рускиот претседател Владимир Путин на пленарната седница на Меѓународниот дебатен клуб „Валдај“. „Ако Русија се повлече од Советот на Европа или ОБСЕ, ве уверувам дека ќе видиме што ќе се случи со тие организации во однос на учеството и на други земји, истакна Путин.
Македонската женска фудбалска репрезентација ја забележа првата победа во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2023 година, триумфирајќи вечерва над Летонија во Рига со 4:1 (2:1). Гентијана Рочи веќе во 9. минута го отвори резултатот, а на 2:0 зголеми капитенот Наташа Андонова во 28. минута. Само две минути подоцна противникот успеа да го намали резултатот преку Татјана Баличева и за момент да ја врати неизвесноста во натпреварот. Во продолжението од средбата, избраничките на селекторот Кирил Изов постигнаа уште два погодоци, преку Улза Максути (51 минута) и Андонова (63 минута од пенал). По три одиграни натпревари, македонските фудбалерки се наоѓаат на четвртото…
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев испрати порака до членството на партијата во која бара мобилност, разговори со граѓаните, уважување на сечиј став и повик за обединување во пресрет на вториот круг на локалните избори на 31 октомври. Другари и другарки, СДСМ е во акција! – Разговарајте со граѓаните и уважете сечиј став. Барам од секој од вас да повика на обединување за да продолжиме напред. Ваш З. Заев, гласи СМС пораката на претседателот на владеачката партија до членството Првата порака до моите партиски другари, рече вчера Заев, е дека „добивме „жолт картон“ од граѓаните и од тоа колку ќе го…
Светската организација за борба против перење пари (ФАТФ) денеска ја стави Турција под надзор поради пропусти во борбата против перење пари и финансирање на тероризaм. Шефот на ФАТФ, Маркус Плејер изјави дека „сè уште постојат сериозни проблеми“ при контрола на финансиските операции во Турција, поради што организацијата ја вклучила Турција во својата сива листа на земји под засилен надзор поради стратешки недостатоци во нивните режими за борба против перење пари и финансирање тероризам.
Статус-кво позицијата во односите со Бугарија е исклучително лошо. Сегашната политика на вето, притисок и уцена создава негативен амбиент и претставува инвестиција во антагонизам и правење на непријателство, а не пријателство, смета вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. Во гостување во Дневникот на ТВ Сител тој рече дека со Бугарија „повремено како да живееме во паралелни реалности“. Нагласи дека говор на омраза не постои од официјални претставници на нашата држава, а тоа што има луѓе кои на приватни социјални медиуми изразуваат револт е резултат на оваа ситуација. Кога вие на вашиот комшија ќе му кажете дека сте резултат на етнички…
Нигериските власти запленија, речиси, пола милион таблети амфетамин сокриени во машини кои пристигнале во пристаништето во Лагос, изјави денеска претседателот на Националната агенција за спроведување на законот за наркотици, Мохамед Марва. Тој пред новинарите истакна дека во септември, во пристаништето Апапа, се запленети 451.807 таблети. Се претпоставува дека пристигнале од Либан, нагласи Марва. Според него, уапсено е едно од лицата кои учествувале во увозот, кое соработува за пронаоѓање на сите кои се вмешани. Проценето е дека вредноста на таблетите изнесува 11 милиони долари.
Дислоцирање на Железарница, на Цементарница, бришење на јужната обиколница и хуманизација на Скопје, најави Петре Шилегов при гостувањето во „Само интервју“ на ТВ Канал 5. Актуелниот градоначалник на Скопје најави дека и останатата тешка индустрија ќе оди надвор од главниот град со донесувањето на новиот ГУП во 2022 година: Во Генералниот урбанистички план што ќе биде донесен во 2022 година, во Скопје ќе нема ознака за изградба на тешка индустрија. Значи, тешката индустрија, во наредните 10 години, тука пред се мислам на комплексите на Железарница и на Цементарница, ќе мора да се исели. Тоа е хуманизација на просторот“, укажа Шилегов.…
Во Националната опера и балет (НОБ) вечерва започна јубилејното 40-то издание на Скопскиот џез фестивал со соло рецитал на саксофони на супер-херојот на скандинавската џез сцена, Матс Густафсон од Шведска. Веднаш по него ќе настапи новата голема ѕвезда на џезот, басистката Линда Меј Хан О од САД. Годинешниот „Скопје џез фестивал“ изобилува со богата програма, а во пресрет на јубилејот организиран е специјалниот проект „Њу Мјузик 4“ посветен на џез-легендата Дон Чери, со Кристер Ботен, Горан Кајфеш, Матс Густафсон и Окај Темиз, како и настапот на проширениот ансамбл на нашиот композитор и мултиинструменталист, Јордан Костов. „Скопје џез фестивал“ ќе трае…
Сопствениците на ноќни клубови во земјава вечерва од состанокот во Штип најавија граѓанска непослушност и дека доколку Владата остане глува на нивните барања за отпочнување со работа, самоиницијативно ќе ги отворат клубовите од наредниот викенд. На состанокот присуствуваа претставници на 20 ноќни клубови. Горан Арсовски, претставник на Здружението на ноќни клубови, изјави дека одлуката ја носат како резултат на „целосната дискриминација на ноќните клубови од власта“ и како што вели, по неколкуте неуспешни обиди за состанок со нејзини претставници, на кој би се дискутирало за нивниот опстанок. Најпрво да се избегнат манипулациите и спинување на вистината, како и претставувањето на…