Author: Sashko

Полицијата на територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изрекла вкупно 180 мерки, меѓу кои 80 за возење над дозволената брзина, 25 за управување возило под дејство на алкохол, 16 за возење без возачка дозвола, 13 за возач почетник, две за некористење сигурносен појас, две за користење мобилен телефон, пет за нерегистрирани возила, 22 за непрописно паркирање, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Од МВР, посочуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност во сообраќајот и посигурни патишта.

Read More

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи отпатува во Киев, Украина, каде утре ќе учествува на основачкиот Самит на Кримската платформа. Кримската платформа, како што информираат од МНР, е иницијатива на Украина за обединување на меѓународните напори за состојбите околу Крим. На настанот, како што е најавено, ќе присуствуваат претставници на повеќе од четириесет земји, меѓу кои голем број земји членки на ЕУ и НАТО, кои ќе бидат претставени на високо ниво вклучително и девет претседатели, неколку премиери како и министри за надворешни работи.

Read More

Денеска е третиот и последен ден од фестивалот „30 години независна музиучка сцена“ што се одржува на плажата „Оревче“ во Охрид, во рамки на одбележувањето на 30 години од македонската независност. Забавата може да ја следите и на линкот овде Музичката програма почнува во 11 часот и ќе трае цели 14 часа. Денешниот ден е резервиран за 19 музички артисти и бендови кои се гарант за квалитетна забава. Билетите се продаваат во ограничен број, по цена од 200 денари и може да се набават на влезот на плажата „Оревче“. Настанот се одржува согласно со сите одобрени протоколи против ковид-19 од…

Read More

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го критикуваше претседателот Џо Бајден за начинот на кој американските сили се повлекуваат од Авганистан, нарекувајќи ја целата акција „најголемо понижување на Америка во меѓународната политика“. Трамп, кој ја разгледува можноста за повторно да се кандидира за претседател во 2024 година, го обвини Бајден за падот на Авганистан во раце на талибанците, иако, потсетуваат британските медиуми, повлекувањето на американските војници беше договорено токму за време на неговата администрација. Неуспешното заминување на САД од Авганистан величенствено ја покажува изразената неспособност на лидерот на нацијата, можеби на сите времиња, рече Трамп на своите поддржувачи на вчерашниот митинг…

Read More

Американскиот Стејт департмент неодамна бил цел на сајбер напад, на што предупредиле од Пентагон. Според извештајот, не е јасно кога е откриен упадот на хакерите, но се верува дека тоа се случило пред неколку недели, а исто така се тврди дека евакуациската мисија на Стејт департментот во Авганистан не е загрозена од нападот. Во моментот не е познат степенот на нападот, кој стои зад него, како и напорите за ублажување на нападот и ризикот за операциите. Стејт департментот сериозно ја сфаќа својата одговорност за зачувување на податоците и континуирано презема чекори за да обезбеди заштита на информациите. Од безбедносни причини,…

Read More

Талибанците денеска, преку руската амбасада во Кабул, побараа од Москва да пренесе порака до водачите во провинцијата Паншир, која не е под нивна контрола, дека сакаат да воспостават дијалог со нив. Рускиот амбасадор во Авганистан, Дмитриј Жирнов го потврди доаѓањето и барањето на талибанските власти до руските дипломати да испратат порака до лидерите и населението во Паншир дека талибанските единици не се обидуваат да влезат во провинцијата, туку нудат политички дијалог и наоѓање начини за постигнување политички договор. Паншир е една од 34-те провинции на Авганистан, во која живеат околу 144.000 лица. Поранешниот потпретседател на Авганистан, Амрулах Салех, вети дека…

Read More

Најмалку осум лица загинаа кога ураганот „Грејс“ вчера го погоди брегот на Мексиканскиот Залив, носејќи со себе обилни врнежи од дожд што предизвикаа големи поплави и предизвика лизгање на земјиштето. Шест од настраданите се членови на исто семејство. „Грејс“ го погоди Мексико како ураган од трета категорија, според скалата Сафир-Симпсон. Ураганските ветрови достигнаа сила од 201 километар на час во моментот кога „Грејс“ го погоди брегот во близина на одморалиштето Теколутла, во сојузната држава Веракруз. Раководството на меѓународниот аеродром во Мексико Сити откажа неколку летови поради ураганот, а државната електродистрибуција соопшти дека околу 565.000 домови останале без електрична енергија.

Read More

Московската полиција приведе најмалку осум новинари за време на тивките демонстрации против притисокот на руското судство врз независните медиуми, јави агенцијата ДПА. Претставници на медиумите вчера протестираа пред седиштето на домашната разузнавачка служба ФСБ, на плоштадот „Лубјанка“, против нивниот прогон како „странски агенти“. Демонстрациите се организираа, откако во петокот руските власти во класификацијата „странски агент“ го ставија и популарниот и независен онлајн радиодифузер „Дожд“, кој критички известува за Кремљ, додаде гераманската агенција. Засегнатите критикуваат дека означувањето за „странски агент“ доведува до исклучување и практично слободната новинарска работа ја прави невозможната. Некои медиуми веќе ја прекинаа својата работа од страв за…

Read More

Јасни се препораките дека природниот имунитет по прележување на болеста, со тек на време се намалува и вакциналниот е оној што е потраен. Во таа смисла, Американскиот центар за контрола на болести укажува на тоа, Светската Здравствена Организација тоа го укажува, според препораките 10 дена по тестирањето кај асимптоматските пациенти се препорачува вакцинација, се вели во препораката на Министерството за здравство (МЗ). „Значи, сите препораки одат кон тоа за што пократко време, луѓето да се имунизираат. Точно е дека има студии што препорачуваат и констатираат дека луѓето, граѓаните имаат имунитет и после пет-шест месеци по прележување на болеста, дури студии…

Read More

Француските натпреварувачи Рајмон Аксел и Ошан Касињо се победници на јубилејното 50-то издание на пливачки маратон од серијата Ултра пливачки маратони на Светската пливачка федерација (ФИНА) што денеска се одржа во водите на Охридското Езеро. Патеката долга 25 километри од Свети Наум до пристаништето во Охрид, Аксел ја исплива за 5:10:31 часа, победувајќи за неколку метри пред второпласираниот Едуардо Стокино од Италија (5:10:32 часа), додека трет на целта со задоцнување од само три секунди пристигна нашиот Евгениј Поп Ацев. Во женска конкуренција најуспешна беше Ошан Касињо од Франција на која ѝ беа потребни 5:16:39 часа за да ја исплива патеката…

Read More

Кредитната агенција „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг ББ-, со стабилен изглед за Република Северна Македонија. „Потврдата на кредитниот рејтинг од страна на кредитната агенција е само уште една потврда за позитивните економски политики коишто ги спроведува Владата“, објави на својата Фејсбук страница Министерството за финансии.

Read More

Државјанин на С. Македонија, по кого била распишана меѓународна потерница од македонските власти, бил уапсен од албанската полиција на пристаништето во Драч, при обид да ја напушти албанската територија. На излез на граничниот премин во Драч, службите на граничната полиција, како резултат на зголемените мерки и размена на информации со Интерпол Тирана, го приведоа М.О. (32) државјанин на Северна Македонија, баран со меѓународна потерница, стои во полициското соопштение. Се наведува, исто така, дека за време на обработката и верификацијата на податоците во системот, ова лице се покажало како меѓународно барано лице, откако Судот против организиран криминал и корупција во С.…

Read More