Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Блинкен: Русија е пред избор – дијалог или конфронтација

0
By Sashko on January 20, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 20, 2022 09:38

Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави дека на Русија ѝ е понуден јасен избор меѓу дијалог и дипломатија од една страна и конфронтација и последици што ќе следат од друга.

Имавме серија интензивни дипломатски состаноци со руски претставници, директно преку дијалогот за стратешка стабилност со НАТО, со Советот НАТО-Русија при ОБСЕ и постои надеж дека Русија ќе продолжи по овој дипломатски пат, што го посакуваме, изјави Блинкен во интервју за „Гласот на Америка“ во Киев.

Шефот на американската дипломатија посочи дека на Русија ѝ било јасно ставено до знаење дека ќе следи силен и одлучен одговор не само од САД, туку и од Европа и пошироко, доколку Москва одлучи да ја обнови својата агресија против Украина.

Не сакам да навлегувам во детали, но тоа го правиме во многу тесна координација со европските сојузници и партнери. Доколку Москва изврши агресија против Украина, последиците речиси сигурно ќе бидат економски санкции, дополнителна воена помош за Украина и речиси сигурно е дека НАТО ќе мора да ја зајакне сопствената одбрана на своето источно крило, изјави Блинкен.

Тој посочи дека во изминатите недели се воделе важни разговори и оцени дека сега секој има можност да размисли за што се разговарало.

Русите се вратија и веројатно се консултираат со претседателот Путин. Ние го направивме истото, во мојот случај јас се консултирав со претседателот Бајден, а Европејците го направија истото со нивните лидери, рече Блинкен, додавајќи дека вистинското прашање е дали Русија е сериозна за спроведување на договорот од Минск.

„Ние сме решени да го поддржиме напредокот на Украина. Тоа ќе зависи од реформите и затоа очекуваме претседателот Зеленски да продолжи со тие напори. САД го поддржуваат него и Украина во овие напори, заклучи првиот човек на Стејт департментот во интервју за „ВОА“ во Киев.

дијалог Ентони Блинкен Избор Конфронтација Русија САД Свет тензии Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.