Browsing: ПОЛИТИКА
Само овие неколкумина функционери на власта, само во оваа зграда на ВМРО-ДПМНЕ, поседуваат имот од фантастични над милион евра. До којшто дошле во последните неколку години, за време на владеењето на Никола Груевски, соопшти Шилегов.
Куновска истакна дека со усвојување на идејни решенија за 15 нови барокни фасади продолжува бруталната шега со нашиот град иако Центар јасно рече „НЕ“ на барокот на последните избори. ВМРО-ДПМНЕ се обиде да реагира со шега.
Советниците од ВМРО – ДПМНЕ можат да поднесат тужба каде што сакаат, ги упати Жерновски, бидејќи, како што рече тој, тие не само што се владеачка партија во оваа држава, туку таа партија е во судството, обвинителството и во секоја друга институција
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски денеска до Уставен Суд на РМ ја достави иницијативата поднесена од општината за преиспитување на два члена од измените на Законот за градење
Срамно е Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да си играат со пензионерите пред секои избори. Бараме Советот на Град Скопје да го прифати барањето на Сојузот за иднината сите пензионери, без разлика на старосната граница да можат секој ден да користат бесплатен автобуски превоз
Што тоа толку се случи? Да за вчера, во текот на вчерашниот ден, преку цел ден и цела ноќ пристигаат закони во Собранието по скратена постапка. Дали во државата имаме вонредна состојба за која што ние пратениците не знаеме?
Зошто од масата протестанти беше издвоен членот на „Солидарност“ Васко Цацаноски и насилно нападнат и приведен од десетици полицајци? Заради црвеното знаме кое што Васко гордо го вееше во знак на поддршка на ограбените, обесправените и прегладнетите, понижените и тепаните
Во низата амандмани поднесени од страна на „Анима Мунди“, нивните примарни напори се да град Скопје биде прв град во земјата кој ќе го официјализира и признае придонесот на активните граѓани кои, преку грижата за бездомните животни непречено помагаат на заедницата, на општините и градот
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, ја обвини владата дека води погрешна политика сѐ со цел да добие на време. Тачи го повика ДУИ да донесе конечна одлука дали ќе ги бојкотира или не претседателските избори
„Живееме во режим кој сака да ни ја наметне Босна и Украина. Со ваква тепачка врз народот на човек на возраст над 50-години… Ако сакаат да се тепаме ќе подготвиме друг пат, ова нема да не уплаши. Ќе се бориме за нашите права“, изјави стечајката Лилјана Георгиевска
МВР: Во повеќе наврати бил нарушен јавниот ред и мир и тоа со обид за демолирање на заштитната метална ограда, како и туркање на кордонот полициски службеници.
Организацијата „Анима Мунди“, како и ААПЖ, реагираат на правилата на градските власти кои се однесуваат на условите за чување на животни и домашни миленици во дворни места на колективни и индивидуални станбени објекти















