Browsing: ПОЛИТИКА
Сите летови од ноќеска и утрово се откажани за полетување и слетување на Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. Густата магла целосно го парализираше авиосообраќајот
Да не беше препреката на Грција ќе бевме на крајот на преговорите. Сега ќе зборувавме дали во март или јуни ќе станеме официјално членка на Европската Унија. Самарас одби сè, имав и писма и сè, ама одби да разговараме, како луѓе, како соседи. Тој ги одби сите мои апели за средба и разговор“, тврди премиерот Груевски за босанската телевизија БХТ
По бриселските случувања Груевски е политички осамен на тронот, идејната дружба со Ахмети е дефинитивно завршена, но неговата моќ за поигрување со политичките партнери и противници се уште е силна
-Сега е време за решение и страните да седнат на маса со помош на меѓународната заедница, САД, Европската Унија и НАТО нагласил Ахмети на средбата со американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс, во амбасадата на САД
Дел од странските акционери го обвинуваат Штерјо Наков за криминал во Фершпед. Правниот застапник на една од компаниите која поседува 35 отсто удели за утре свика вонредно собрание на акционерите на Фершпед со намера да го смени Наков и неговите синови од управните одбори
Нема трошење на буџетски пари за предновогодишна забава на административците и купување на пакетчиња одлучи Владата. Предновогодишните прослави и пакетчињата годинава од сопствен џеб
Податоците од Институтот за јавно здравје говорат дека бројот на заболени од грип е за 73,9 проценти поголем од истиот период лани, а за изминатиот десетгодишен период се регистрираат 4,8 пати повеќе заболени
Откажан е летот за Белград, а пренасочени за слетување кон Охрид се авионите од Љубљана на „Адриа ервејс“ и Луфтханза стои на официјалната интернет страна која постојано се ажурира
Дури половина од граѓаните кои поставиле прашања од институциите не го добиле својот одговор. А повеќе од половина не ни чуле дека постои закон кој им го дава тоа право. Тајните се се повеќе, од правото на јавноста да знае колку чини рекламирањето на владата до правото да знаат колку луѓе храни државниот апарат
СДСМ беше на власт, и Република Македонија никогаш не доби извештај со препорака за започнување на преговорите во Европската Унија, велат од владејачката партија
Според Петковски сега веќе не се пречка само Грција и Бугарија, туку и многу други земји-членки на ЕУ, кои не веруваат во македонските потенцијали за членство во ЕУ
СДСМ апелира до власта на Никола Груевски во прв план да ги стави стратешките интереси на Република Македонија наместо популистичките политики што го усложнуваат проблемот што го има земјата во евро-атлантските процеси















