Browsing: ПОЛИТИКА

Имаше притисоци од странците, на телефон се јави дури и амбасадор од една моќна држава и така некако дојде до заедничка конференција на ЗНМ и министерство. И ние сме исплашени дека сето ова може да е вовед во уште една игранка и седнување на маса со владата после се што се случи

ИВЗ останува без ветеното земјиште за изградба на своето седиште на Кале. И покрај ветувањата од заменик-министерот за транспорт и врски, Џелал Бајрами на ИВЗ не и било дозволено да учествува во наддавањето објавено од страна на Министерството за транспорт

Овој предлог за судски совет, да биде избрана Виолета Богоевска е директно предлог кој што си го дава ВМРО ДПМНЕ, кој претседателот само го потпишува. Второ апсолутно Ѓорѓе Иванов не покажа дека знае да го штити дигнитетот на институцијата Претседател на РМ, рече Спасовски

Битката во Македонија стана битка за првото дете. Тешко е да ги израснеме а откако ќе пораснат бараат начин да ја напуштат Македонија. Затоа битката за враќањето на средната класа е битка за нашите деца. Да им ја обезбедиме иднината за да останат дома

Измените што ги најавува власта на Груевски за екстерното тестирање се признание за неуспешниот проект на министерството за образование, што отиде на штета на учениците и наставниците, реагира опозиционата СДСМ

Љубчо Георгиевски за бугарски „Пресе“ изјави дека за неколку години Македонија ќе биде и муслиманска држава, кој сака да гледа стратешки на Балканот, треба да го има предвид фактот дека во 2020 година ќе треба да ја третира Македонија како четврта муслиманска држава во Европа

„Продајте пет коли и Трајко Велјановски нека не го обезбедува полиција, бидејќи на сабајле го блокира целиот град, оти никој ништо нема да му направи оти нема употребна вредност и ете ви пари дајте им на децата пакетчиња“ му предложи Ивановски на министерот Ставрески

Министерството за образование денеска најави дека е креиран т.н. јавен отворен базен на прашања за сите предмети во основно и средно образование кои се дел од екстерното тестирање. Тие ќе бидат јавно достапни 30-тина дена пред полагањето

Во пресрет на веќе закажаното вонредно акционерско собрание на Фершпед, во компанијата се случија нови превирања. Дел од странските акционери најавија дека ќе бараат дополнување на дневниот ред на собранието со неколку мерки, за кои тврдат дека се од значење за компанијата и за акционерите

„Еден ден оваа песна ќе ве стигне, рече таа обраќајќи му се на владеачкото мнозинство, ќе ве разбуди од вашите домови затоа што нема да успеете. Да ја вратиме прво слободата во РМ, а потоа да ја направиме земја на среќни луѓе“