Browsing: СВЕТ

Претседателот на Турција ги обвини земјите од Европа дека Медитеранот го претвориле во гробница за бегалците. Ердоган смета дека Западот не може да ги трпи ниту бегалците кои стигнале на нејзина врата и ја изгубил довербата во јавноста дека сака мир во Ирак, Сирија и Либија

Извршниот директор на УНИЦЕФ, Ентони Лејк, во однос на децата-мигранти и бегалската криза во Европа вели последните фотографии кои го шокираа светот нема да бидат последните, доколку не се преземат мерки за заштита на децата

Според очекувањата на Грција, Европската унија треба да испрати до 15 септември, 30 милиони евра во земјата, наменети за справување со бегалската криза, соопшти заменик-министерот за миграции Јанис Музалас на состанок со синдикатот на општините

Стотици мигранти, баратели на азил во Германија и во другите западноевропски земји, втор ден протестираа пред главната железничка станица во Будимпешта, откако унгарските власти ја затворија станицата

Според проценките, минатата недела во Грција пристигнале 23.000 бегалци, што претставува зголемување од 50 отсто во споредба со претходната недела

Граѓанскиот активист и опозиционер Гиорги Какук е уапсен од страна на унгарската полиција откако демонстративно ја пресече бодликавата жица поставена неодамна на унгарско-српската граница

Како познат истражувачки новинар, пред обвиненијата, Исмаилова истражуваше за бизнисите и банкарските сметки во оф-шор земјите на фамилијата на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев

Како одговор на растечката популарност на оваа ФБ група исландскиот премиер одлучи да формира специјален комитет кој ќе ја ревидира владината одлука за лимитот за прифаќање на 50 азиланти.