Browsing: СВЕТ
Паралелни протести во Атина околу начинот за излез од кризата
Фотографијата на АФП од пензионерот кој плаче пред банка во Грција според британскиот „Дејлимеил“ е приказ на човечката агонија која ја сумира целата трагедија околу грчката должничка криза и цената на референдумот
Европските лидери сметаат дека, доколку Грција изгласа против предлогот на кредиторите, ќе се збогуваат од еврозоната. Од друга страна грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис вели, таквиот резултат би бил почеток на преговорите
Американскиот Стејт департмент соопшти дека односи меѓу Вашингтон и Берлин се длабоки и цврсти, откако во јавноста излезе скандалот за прислушување на НСА во Германија
Турција дополнително распореди војници и воена опрема на некои гранични места со Сирија во време кога се водат интензивни борби околу градот Алепо. Сепак според премиерот Ахмет Давутоглу, тие засега немаат намера да се вмешаат во борбите и се работи за превентивна мерка
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, вели лошата политика е таа која го натерала да воведе цврста заштита на своите граници, стравувајќи дека токму таа политика може да го зголеми бранот на мигранти
„Би-Би-Си“ најави откази за околу 1.000 вработени заради намалување на буџетот за 150 милиони фунти
Телефонски разговори на германската канцеларка Ангела Меркел и на нејзиниот личен асистент, во кои разговараат за грчката криза и од кои се гледа нејзиниот скептицизам и сомнеж во начинот на решавање на кризата, објави „Викиликс“
Лидерот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија – Андонис Самарас, во телевизиско интервју остро го критикуваше премиерот Алексис Ципрас обвинувајќи го за затворање на банките во Грција
Како што пишуваат медиумите од регионот, Ципрас добил писмо од претседавачот на еврогрупата, холандскиот министер за финансии, Јерун Дејселблум, во кое му наведил дека тие ќе ги разгледаат последните предложени измени на грчкиот премиер
“Разочаран сум од Европа. Не ни дава доволно време да ги реализираме реформите.
Соочени сме со катастрофа”, рече Ципрас. Еврогрупата попладнево одлучи дека разговорот ќе продолжи по референдумот.
Бројот на мигранти и бегалци кои го поминале Медитеранот со цел да стигнат на европско тло, во првите шест месеци од годинава достигна рекордна бројка, објавува УНХЦР















