НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Катимерини тврди: Заев и Ципрас ќе разговараат за меѓународен договор

0
By Нова ТВ on May 15, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Врз основа на три различни текстови, два од министрите за надворешни работи, и еден од медијаторот, Скопје и Атина продолжуваат да бараат решение, пишува весникот „Катимерини“, пренесува МИА.

Според информациите на новинарот, ниту еден од овие текстови не е конечен и дефинитивен. Во изминатите денови со брз ритам се пишуваат, се бришат, се разменуваат, сè со цел да има напредок пред средбата на премиерите на двете земји во Софија, а главната разлика во разговорите и понатаму е ерга омнес.

– Според информациите, врз база на подготовката што беше направена, основно сценарио за разговорите на двајцата лидери ќе биде она на склучување еден меѓународен договор, што ќе треба да биде одобрен од парламентите на двете земји. Во овој текст, според информациите, ќе постои условеност, интеграцијата на ПЈРМ во НАТО да „се отклучи“ кога ќе се направи ревизија на Уставот на соседната земја и на овој начин ќе се гарантира ерга омнес. Постои сериозна веројатност двајцата премиери да се сретнат два пати, во среда вечер и во четврток наутро, објави „Катмерини“.

Како што пренесува МИА, весникот пишува дека постои договор за 10 од 14 поглавја во „ниската политика“, односно во намерата на двете страни да имаат поголема соработка во економијата, во образованието и културата. Поглавја на кои, според „Катимерини“, нема да има влијание конечниот резултат од преговорите.

– Сепак остануваат нерешени ерга омнес, начинот на кој ќе се одобри договорот во ПЈРМ, особено уставната ревизија, државјанството и јазикот на соседната земја, додава новинарот во неговата денешна анализа.

„Катимерини“ во текстот ја пренесува и вчерашата изјава на македонскиот премиер за средбата со Ципрас во Софија.

Димитров: Прашањето е во чувствителна фаза

Во меѓувреме, весникот „Та неа“ објавува куса изјава на македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров од Хаг, кој вели дека прашањето е во чувствителна фаза и не сака да јавно да говори за случувањата и притоа се повикува на изјавата на медијаторот Метју Нимиц.

Но, новинарката оваа изјава ја толкува како индиректна потврда дека е многу важен напредокот што е направен во разговорите.

Весникот коментира дека шефот на македонската дипломатија „не ја демантирал можноста да се појават важни случувања во Софија во четврток, на 17 мај, на средбата на двајцата премиери“.

Премиерот Зоран Заев, вчера, одговарајќи на новинарско прашање, дали на 17 мај ќе има средба со Ципрас како датум на конечен договор рече дека таа средба не е од оние закажаните што ги чекавме.

– Јас се уште немам точен термин кога би била средбата, но знам дека грчката страна потврди дека на маргините ќе најдеме време да се видиме. Целта е да направиме еден рекапитулар на тоа што досега е разговарано, да го потврдиме и да знаеме дека сме го завршиле, а истовремено да им дадеме насоки и на министрите, додаде Заев.

Тој нагласи дека времето е кратко и дека се појавуваат информации дека се ќе се реши на 17 мај, но не е така, бидејќи суштински е делот што е останат за разговори.

– Јас верувам дека пред се треба да бидеме креативни и посветени и јас би сакал некаде пред Самитот на Советот на Европа, а потоа и Европскиот совет, тоа е 25, 26, па 28 и 29 јуни, да се носат одлуките за добивање датум за преговори или не. Дотогаш да имаме некое решение, па дури треба да знаеме дека и да има приближување на она што е останато, во Грција и Македонија мора да направиме внатрешен процес на консултации. Затоа што, како што реков, процесот, ако е тоа можно, да биде поддржан од сите, додаде премиерот.

Воздржан оптимизам за можноста за решение

Воздржан оптимизам за можноста за решение во пресрет на средбата на двајцата премиери вчера изрази и грчкиот заменик министер за надворешн работи, Јоргос Катругалос.

– Направена е систематска работа, прашањата се стигнати до нивното јадро и сега е време да се разговараат на највисоко ниво. Имаме водржан оптимизам дека може да имаме договор, вели Катругалос и ги демантира информациите објавени во медиумите во Грција во текот на викендот, за одреден временски рок и преоден период за имплементација на договорот.

Тој вели дека договорот нема да наликува на Времената спогодба, ќе биде комплетен и нема да остава „опашки“, затоа што во спротивно нема да биде согласно со поставенте грчки предуслови.

– Може да има временски период за прашањата што не можат да се решат во моментот на потпишувањето, но во никој случај нема да биде Времена спогодба како претходно, објаснува Катругалос.

На средбата Заев-Ципрас и претходеше интензивна недела на преговори, во рамки на која се очекуваше да се отворат спорните прашања, пред се опсегот на употреба на името, но и барањето на Грција за измени во македонскиот Устав.

Но, по последната состанок на шефовите на дипломатиите на двете земји Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот на ОН Метју Нимиц, кој се одржа во Сунио викендов, а кој траеше речиси шест часа, не беа изнесени детали од разговараното.

– Средбата можам да ја карактеризирам како многу сериозна, работевме напорно, на моменти интензивно. Направивме одредена позитивна работа. Двајцата министри ќе ги брифираат премиерите во подготовките за нивната средба во Софија следната седмица на 17 мај. Во основа ова е пораката што ја имам, рече Нимиц по средбата.

Тој не излезе со други детали, а изјави за медиумите не дадоа ниту министрите за надворешни работи Димитров и Коѕијас.

На Самитот ЕУ – Западен Балкан, кој се одржува во организација на бугарското Претседателство со ЕУ, ќе присуствуваат лидерите на државите-членки на Унијата и регионот.

Со Самитот ќе претседава претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој ќе ја претставува ЕУ, заедно со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Поврзаност во смисла на транспорт, енергија и дигитална инфраструктура, образование и други аспектие темата на Самитот.

На Самитот ќе му претходи неформална вечера на шефовите на држави или влади на ЕУ, како дел од агендата на лидерите.

МИА, повикувајќи се на високи дипломатски извори во Брисел, објави дека за напредокот во преговорите за решение на спорот за името, попладнево во Брисел ќе разговараат претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск и грчкиот премиер АлексисЦипрас.

– ЕУ не очекува спорот да се реши неделава, но би сакала Македонија и Грција да дојдат до компромис на почетокот на јуни, за да можат лидерите на ЕУ да ја одобрат препораката на Европската Комисија за почеток на преговори дадена во април, изјави висок дипломатски извор во Европскиот Совет за МИА.

 

Димитров Заев Катимерини Катругалос преговори Софија средба Та неа Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.