Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шврговски:Ќе се жалиме на одлуката, очекувавме ослободителна пресуда

0
By Нова ТВ on November 8, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 8, 2017 13:49

Адвокатите на Горан Грујевски ќе се жалат на пресудата од година и пол казна затвор за случајот Тврдина 2, најавија денеска по завршувањето на рочиштето.

„Ние очекувавме ослободителна пресуда бидејќи ние сме на становиште дека не постои како објект на заштита становиште службена исправа која што може да биде предмет на ова кривично дело. Ние во завршните збор направивме јасна дистинкција меѓу старото и новото законско решение и кое не остава простор за самоволно толкување. Очигледно со судот имаме различна диоптрија на гледање на работите. Ќе поднесеме жалба на овие околности и околу надлежноста која ја оспоривме во завршните зборови“, рече Шврговски.

За Грујевски, судијката по читањето на пресудата, рече дека како олеснителен факт се цени тоа што тој бил семеен човек, а како отежнителни факти, тоа што со директна умисла го иницирал ништењето на документите, што го искористил својот авторитет во службата за да ја формира незаконската комисија. Исказот кој во текот на завршните зборови го даде една од соучесничките која рече дека немала избор и морала да ја изврши работата која и била дадена од началникот и поради тоа што знаел дека против него има активна судска постапка, но тој сепак се дал во бегство.

За пет од обвинетите службенички, судијката определи алтернативна мерка, една година казна затвор, која нема да се изврши ако во рок од 3 години, обвинетите не го повторат делото.

Единствената осомничена, која од својот адвокат беше повикана да сведочи во текот на судската постапка доби условна казна од 9 месеци затвор, која нема да се изврши ако во рок од две години не го повтори делото. За оваа обвинета, судијката рече дека има поблага казна, поради придонесот кој го дала со нејзиното сведочење во текот на судската постапка.

Според информации на НОВА ТВ, слубеничките трпеле притисоци за да не сведочат против Грујевски.

Судијката Лидија Петрова рече дека како олеснителен факт за шесте осудени службенички го ценела тоа што тие немале никаква претходна дамка во службата, тоа што биле родители и во завршните зборови признале дека егзистенцијата на нивните семејства зависела од тоа дали ќе ја послушаат наредбата на началникот.

Странките во овој случај во рок од осум дена имаат право да поднесат жалба на пресудата.

Обвинителката Ленче Ристоска која на завршните зборови побара максимална казна за Грујевски, по завршувањето на денешното рочиште рече дека со оваа пресуда конечно излегла на виделина.

„Ваквата одлука е во рамки на нашите очекувања. Ние рековме дека имаме цврсти докази против обвинетите и судот тоа го потврди“, рече Ристоска.

Во врска со тоа што судот ги прогласи за виновни и шесте службенички вработени во УБК, Ристовска посочи дека тоа испраќа порака дека службениците кои извршуваат наредби не смеат да бидат амнестирани

„Не може подредените да бидат изземени затоа што постапувале по наредба. Одговорност мора да има. Очекуваме осудителни пресуди и за другите случаи на СЈО. Правдата не треба да ја бараме само во соучесниците туку во професионалното и законито однесување на сите државни службеници кој што интересите на граѓаните и професионализмот треба да ги стават пред незаконските наредби и желби на нивните надредени.  Би почекале да го добиеме пресуда,ќе ги разгледаме аргументите на судот па ќе одлучиме дали ќе се жалиме, рече Ристоска.

Адвокатите на одбраната ниту во завршните зборови, ниту во денешната изјава за медиумите не се осврна на петте соучеснички на кои исто така им се адвокати.

Осудените во овој случај се товарат дека незаконски уништиле 2.047 документи, од кои дел  биле поврзани со набавката на опремата за прислушување. Првообвинет е Грујевски, кој моментално се наоѓа во затвор во Солун и чека екстрадиција, откако на солунскиот аеродром заедно со Никола Бошковски (обвинет во Таргет) биле фатени со лажни пасоши под имињата Христо Атанасов и Неџби Хасан.

Грујевски и Бошковски, се уште се вработени во МВР. На барање на нивните адвокати, нивните места во Управата за безбедност и контраразузнавање  им се во мирување, што значи дека тие остануваат на работните места, но не земаат плата.

Во работен однос се и службеничките кои денеска беа осудени во случајот Тврдина 2.

Лани кога на функцијата министер за внатрешни работи дошол Оливер Спасовски сите обвинети се суспендирани и поведени се дисциплински постапки, но кога на функцијата повторно се враќа Митко Чавков на 18 мај, еден ден потоа тој ги враќа на работа, изјави министерот Спасовски на денешниот брифинг.

Горан Грујевски документи обвинети осудени пресуда прислушување СЈО Тврдина 2
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.