Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Славески: Ќе го ставиме на дневен ред барањето за зголемување на тарифата за приватните превозници, кога ќе имаме предлог-одлука од Арсовска

0
By Marija Todorovska on November 28, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 28, 2024 15:21

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески денеска во изјава за медиумите истакна дека ќе го стави на дневен ред на седницата на Советот барањето за зголемување на тарифата за приватните превозници, кога ќе има предлог-одлука од скопската градоначалничка Данела Арсовска.

-Што бараме ние од Данела Арсовска? Ние бараме да достави материјал како што тогашниот градоначалник Коце Трајановски  во 2017 година на 17 страници доставува до Совет предлог-одлука за утврдување на вредност на надоместок за извршени услуги во превозот на патници по критериумот остварен километар. Тука има формули, цени на горива итн. Ова одлука е уште на сила. Не може со манипулации од типот „Охрабри се Трајко“ или слични фрази, Совет на Град Скопје да одлучува за нешто за што нема мислење од стручните служби на Град Скопје. Во оној момент во кој што ние ќе добиеме предлог-одлука од овој вид на 17 страници, нека не е 17 страници, ние сме подготвени да ја ставиме на дневен ред. Сето друго е манипулација. Никој нема побарано вонредна седница. Каква вонредна седница и врз основа на што? Нема стигнато барање за вонредна седница. И нема основа за вонредна седница, рече тој.

Упати порака до приватните превозници: „Немојте да наседнувате на манипулациите на Арсовска“. -Таа е непредвилива жена. Може да го направи истото што го направи со вашите претходници од пред две години кога им ги укина лиценците. Можете да останете на улица. Можете да останете без леб, рече тој.

Славески нагласи дека во услови на кризна состојба, Владата е должна да ги искористи сите инструменти за непречено одвивање на сообраќајот.

-Во кризна состојба доколку дојде до блокирање на улиците, се носат булдожери и се расчистува улицата. Како може некој да блокира улица во кризна состојба? Упатувам порака до Арсовска и до Владата – доколку оваа состојба ескалира заради инаетот на Арсовска, Владата затоа што е прогласена вонредна состојба, има мерки и инструменти да го реши овој проблем со тоа што на сите ќе им даде до знаење дека кога станува за една витална дејност, не може да се поигрува со граѓаните и нивните судбини, нивната можност да стигнат до работните места, до училиште.

Славески хронолошки ја објасни целата процедура околу ова барање и преписките овие два дена што ги имаат со градоначалничката Арсовска.

-Има барање за зголемување на тарифата за изминат километар од приватните превозници. Приватни субјекти не можат да се обратат до Советот. Тоа беше направено во вторникот во доцните попладневни часови преку иницијатива на член на Советот Горан Арсов. Јас таа иницијатива ја добив во 15:30 часот. Секако дека не можев веднаш да ја препратам до градоначалникот, затоа што беше крај на работно време. Наредниот ден, односно вчера имавме седница на Совет  и тоа го направив по завршување на седницата. Интересно е што и да ја разберете мојата положба како претседател на Совет и поставеноста, некој ја манипулира јавноста, има достап до мојата пошта. Иницијативата е доставена до претседател на Совет на Град Скопје и пред јас да побарам мислење од градоначалник, градоначалник дава некое мислење за кое што се информирани уште во текот на седницата на Совет, во која што воопшто тоа не е мислење, туку повторно кажува дека советниците треба да донесат одлука за зголемување на цената по изминат километар за приватните превозници. Тоа не оди така. Јас кон крајот на работното време доставив барање за мислење и тоа барање по четири точки – прво дали градоначалникот поддржува зголемување на цената по изминат километар за приватните превозници, второ ако поддржува да достави предлог-одлука со конкретни параметри, процент на зголемување и да даде образложение. Трето, како тоа зголемување на тарифата за приватните превозници кои како што знаете се интегрирани во системот на јавен превоз, ЈСП ги прибира парите од продадените билети, месечни билети и итн., и според одлука донесена во февруари 2017 година им исплаќа на приватните превозници. Прашањето беше како ова ќе се одрази на приходите на ЈСП. И четврто, затоа што ќе има намалување на приходите – кој е предлогот на Арсовска? Дали  е тоа како ќе се надоместат тие изгубени приходи? Дали преку зголемување на услугите што ги добиваат граѓаните од ЈСП или пак дополнителни субвенции? Тоа беше барањето и на кое барање нема мислење. Во оној момент кога Арсовска ќе обезбеди мислење, односно кога ќе даде предлог-одлука до Советот, ние ќе ја ставиме на седница на Советот, рече Славески.

Арсовска Град Скопје ЈСП приванти превозници Славески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.