Светските медиуми пишуваат дека претседателите на Америка и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин би можеле да имаат средба  на Азиско-пацифискиот митинг за економска соработка. Ова за американските новинари го потврдил и официјален претставник на Белата куќа но без посебни детали.

„Можеме да потврдиме дека ќе има билатерални средби помеѓу лидерите кои ќе учествуваат на форумот. Не сме подготвени да произнесеме детали за сега“, изјавил претствникот кој не е именуван во медиумите од Западот.

Азиско-пацифискиот митинг за економска соработка ќе се одржи на 10 и 11 ноември во Виетнам.

Путин веќе го има потврдено учеството на состанокот, а за сега официјално е само дека таму ќе се сретнат шефовите на американската и руската дипломатија, Рекс Тилерсон и Сергеј Лавров.