Трагедија во Бразил: Десет лица загинаа во пожар во академијата на Фламенго (Видео)

Засега не е идентификувана ниту една од жртвите за кои се знае дека се возрасни меѓу 14 и 17 години. Покрај десетте загинати, повредени се и три лица кои се хоспитализирани по трагичниот настан во центарот „Нињо де Урубу“ што е реновиран пред два месеца за што, според агенцијата „Ројтерс“ се потрошиле 23 милиони реали (4,8 милиони фунти или 6,2 милиони евра)

И карта го сака: Нејмар доби 21.470 на покер турнир во Бразил

Ѕвездата на „кариоките“ и на ПСЖ седна на маса со почетен депозит од 1.877 долари и стигна до финалето како еден вид утеха кога веќе не успеа со фудбалската репрезентација на Бразил на Светското првенство во Русија

Ги убеди дека е вистинскиот: Тите селектор на Бразил до 2022 година

„Кариоките“ беа елиминирани од Белгија во четврт-финалето на мундијалот во Русија, но очигледно тоа не се одрази врз неговото работно место во националниот тим на чие кормилото ќе остане до Светското првенство во Катар

Бразил си оди дома: Белгија против Франција по финале на СП (Видео)

„Црвените ѓаволи“ во четврт-финалето ги елиминираа „кариоките“ со 2:1, „триколорите“, пак, со 2:0 го добија мечот со Уругвај. За утре се закажани и преостанатите две четвртфинални пресметки на турнирот во Русија. Од 16 часот на „Космос арена“ во Самара ќе играат Шведска и Англија, четири часа подоцна на стадионот „Фишт“ во Сочи ќе се судрат Русија и Хрватска

Заврши мундијалот за Србија:„Кариоките“ пресилни за „орлите“ (Видео)

„Кариоките“ триумфираа против северниот сосед со 2:0 за прво место во групата Е и судир со Мексико во осминафиналето. Паулињо погоди во 36. минута, Тиаго Силва во 68. минута за нови три бода за тимот на Тите. Веста на денот од мундијалот во Русија е елиминацијата на светскиот шампион Германија по поразот од Јужна Кореја (0:2)

Тите го викна Нејмар: И ѕвездата на ПСЖ во авионот за СП во Русија

Бразилскиот селектор, но и тамошната јавност, е во очекување дека напаѓачот на „светците“ ќе успее да се рехабилитира до почетокот на турнирот по скршеницата на метатарзалната коска на стопалото што ја здоби во мечот во рамки на француската Лига 1 против Олимпик Марсеј во февруари