Browsing: Бразил

Според полицијата, групата најпрво го киднапирала директорот на карго сервисот на аеродромот со семејството и ги држеле како заложници за да го натераат на соработка. Потоа, дел од групата киднапери пристигнале на аеродромот со пикап возила исфарбани да личат дека се полициски, а неколку минути подоцна побегнале со златото, пренесуваат американските медиуми

По пауза од 12 години, Бразилците успеаја до континенталниот трофеј по победата над Перу со 3:1 во финалето на култната „Маракана“ во Рио де Жанеиро. Стрелци за бразилската селекција беа Евертон во 15. минута, Габриел Жезус во екстра времето на првиот дел и Ришарлисон од пенал во 90. минута. Почесниот за цврстите Перуанци беше дело на Гвереро од белата точка во 44. минута

Американските во финалето во Нанџинг, Кина, славеа над Бразил со 3:2 (по сетови: 20:25, 22:25, 25:15, 25:21, 15;:13). Бронзениот медал го освоија одбојкарките на Турција по триумфот над Кина со 3:1 (по сетови: 25:23, 25:15, 20:25, 25.21)

Стрелци за „кариоките“ во полуфиналето во Бело Хоризонте беа Габриел Жезус во 19. минута и Фирмињо во 71. минута. Бразилците ќе играат за титула против подобриот од мечот Чиле – Перу кој ќе се одигра ноќеска. Финалето е на 8 јули на „Маракана“ во Рио де Жанеиро

Засега не е идентификувана ниту една од жртвите за кои се знае дека се возрасни меѓу 14 и 17 години. Покрај десетте загинати, повредени се и три лица кои се хоспитализирани по трагичниот настан во центарот „Нињо де Урубу“ што е реновиран пред два месеца за што, според агенцијата „Ројтерс“ се потрошиле 23 милиони реали (4,8 милиони фунти или 6,2 милиони евра)