Browsing: Франција

Напаѓачот на „триколорите“ остави силен впечаток во воведниот натпревар од нокаут фазата на мундијалот. Покрај двострелот, со леснотија ги надмудруваше и претрчуваше противничките фудбалери и влезе во очи на присутните на „Казањ арена“ уште од самиот почеток на средбата што слободно може да ја прогласиме за „убавица“ на турнирот

На отворањето на топ 16 фазата на мундијалот во Русија, „триколорите“ подобри од „гаучосите“ со 4:3) и на 6 јули во Нижни Новгород го чекаат подобриот од вечерашната пресметка меѓу Уругвај и Португалија

„Гаучосите“ не сакаа да препуштат ништо на случајот во подготовките за дуелот со „триколорите“ и на последниот тренинг во репрезентативната база шутираа и пенали. Првиот осминафинален меч на СП 2018 е попладнево (16 ч.) на „Казањ арена“ во Казањ

Франција ги совлада „сокероси“ со 2:1 со голот на Пол Погба во 81 минута, откако двете репрезентации добија по пенал од уругвајскиот судија Куња кој првиот го досуди по асистенција на ВАР технологијата

„Триколорите“ ја освоија единствената, засега, мундијалска титула на свој терен во 1998 година. Загубија од Италија на пенали во финалето на СП 2006, а загубија и во финалето на ЕП 2016. Овојпат се решени да одат до крај за што, несомнено, имаат капацитет за такво нешто и се вбројуваат меѓу топ фаворитите за тронот ова лето

Решавањето на спорот меѓу Македонија и Грција најверојатно ќе започне со потпишувањето Договор за добрососедство и пријателство каков што беше со Бугарија, а откако ќе се постигне согласност за спорните прашања, ќе се внесат обврските на двете страни, вели за НОВА поранешниот амбасадор Ѓорѓи Спасов