Browsing: фудбал

Споредбата излезе на површина во време на женското Светско првенство што се одржува во Франција на кое фудбалерките дигнаа глас и побараа поголеми бонуси за настапи. Најдалеку отидоа американските репрезентативки кои поднесоа тужба против Фудбалската федерација на САД за полова дискриминација со забелешки  дека нивните машки колеги се фаворизирани во делот на подготовки, на медицински персонал и на патувања

Легендарниот напаѓач на Јувентус и на Милан потпиша едногодишен договор со екипата од стадионот „Чиро Вигорито“ со можност за продолжување на соработката во случај на взаемно задоволство од сработеното

Тинејџерот кој во четврт-финалето на ланското издание на Лигата на шампиони ја елиминира токму „старата дама“ ќе добие договор на пет години, неговата плата по сезона ќе изнесува меѓу 15 и 20 милиони евра, а тимот од Амстердам, чиј капитен беше досега, ќе заработи 70 милиони евра од трансферот

Првиот меч е во Талин на 9/10 јули, реваншот е седум дена подоцна (16/17 јули) на националната арена „Тоше Проески“ во Скопје. Сараево ќе игра со Селтик (Шкотска), Сутјеска со Слован Братислава (Словачка), Црвена звезда со Судува (Литванија), а Марибор со Линфилд (Северна Ирска)

Бранителот на титулата во првото коло ја декласира подмладената селекција на „самураите“ со 4:0. Напаѓачот на мексикански Тигрес со два гола стана најдобар чилеански стрелец на Копа Америка и го потисна Марсело Салас на вечната листа на „Ла Риоха“. Вечерва почнува второто коло на турнирот со дуелите во групата А во кои ќе играат Боливија – Перу (23.30 ч.) и Венецуела – Бразил (02.30 ч.)

Легендарниот стопер на Лацио и на Милан неодамна доби отказ во Перуџа по неуспешниот обид за пласман во Серија А преку плејофот, мисија што во наредната сезона ќе биде основна цел со екипата од централна Италија