Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Избори 2016
Најмногу од нив, 20 предмети се оформени по службена должност по допрен глас по наводите објавени во медиумите, на порталите, по социјалните мрежи, се вели во соопштението
Изборната кампања поминува во мирна и фер атмосфера е заедничката оценка на шефот на изборниот штаб на ДУИ, Беким Незири,…
Од СДСМ реагираат на вчерашната информација од ДИК според која на претстојните избори, право на глас имаат милион 784 илјади 416 избирачи, од кои милион 531 илјада 368 се запишани во Република Македонија, додека на посебен извод ќе бидат запишани 230.122 гласачи кои се надвор од земјата или има сомневање дека се надвор
Марта Томовска Арсовска, денеска пиша отворено писмо до претставницните на ОБСЕ/ОДИХР во коешто суптилно застанува во одбрана на власта, а обвинува за злоупотреби на администрацијата од страна на опозицијата
Граѓанската асоцијација МОСТ за периодот од 15 октомври до 20 ноември регистрирала повеќе изборни прекршувања, како непочитување на принципот на одвојување на државата од партијата, притисоци врз вработените во јавниот сектор, притисоци за гласање или обезбедување гласачи за владејачката партија, злоупотреба на јавни ресурси…
Раководството на ВМРО – ДПМНЕ, каде беше член и Никола Груевски, порачаа од МАНУ, проект за размена на територии и население, како и карти, за тоа како треба да се направи поделбата на Македонија, рече Трајанов на прес конференција
Европратениците претпладнево средбите ги започнаа со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, по што се сретнаа со лидерите на СДСМ, ДПА, ДУИ, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети, додека од ВМРО ДПМНЕ разговараа со Никола Попоски
Претседателот на партијата Ивон Величковски истакна дека како на Либерали, задачата им е како да ги приберат парите и рационално, во име на граѓаните и за нивните потреби да ги употребат
http://dai.ly/x52wzry Демократската Унија за Интеграција отвори изборен штаб во основното училиште „Јашар Беј Шкупи“, во населбата Дуќанџик во општината Чаир,…
Една од работите во овој контекст која ќе биде исклучително значајна е тоа што имаме намера по 11 декември веднаш да го продолжиме мандатот на СЈО, да воспоставиме специјални судски одделенија во сите три инстанци почнувајќи од основниот, па се до врховниот суд кои ќе ги прифаќаат предметите кои СЈО ќе ги процесуира, рече Пендаровски
Американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли по повод почетокот на изборната кампања на неговиот профил на Твитер ги повика политичките лидери да спроведат кампања без заплашување и насилство и да не поттикнуваат политички и меѓуетнички тензии
Дополнително, воспоставувањето на законска и политичка одговорност за снимањето и содржината на прислушуваните материјали е неопходен елемент за затворање на поглавјето на политичка криза, за што се заложија сите актери, се вели во изјавата