Browsing: Косово

Периодот во кој се игра мечот е само две седмици пред парламентарните избори, што значи партиите ќе бидат во екот на кампањата, која отсега е валкана и непристојна а ескалација на говорот на омразата од трибините може дополнително да ги вжешти страстите на политичкиот терен

Кандидатот за македонски претседател од последните избори на Алијансата на Албанците и движењето „Беса“, ја прифати понудата на новиот косовски премиер, Албин Курти и ќе биде одговорен за евроинтеграциите на земјата

„Гордиот Албион“ славеше со 4:0 во последниот меч во квалификациите за ЕП 2020, но присуството на престижните гости на стадионот „Фадил Вокри“ во Приштина беше искористено за истакнување на многубројни пораки кон јавноста на Островот

Процесот се одвива во 895 гласачки центри со 2.547 гласачки места што ќе бидат отворени од 7 до 19 часот. Право на глас, според конечниот список на гласачи што го објави Централната изборна комисија (ЦИК), имаат 1.937.868 граѓани, што е за околу 65 илјади повеќе во споредба со локалните избори од 22 октомври во 2017 година