Browsing: Македонија
Националниот тим вечерва ја совлада и Шведска со 3:1 (по сетови: 24:26, 25:17, 25:18, 25:18) и како лидер на табелата ќе патува во Тирана, Албанија, на доигрување на групната фаза од натпреварувањето
Селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија изрази гордост од своите избраници за начинот како ѝ парираа на Шпанија во две третини од средбата. Капитенот Бабунски, пак, посочува дека е присутно мало разочарување од резултат за што вели дека не е реален одраз на настаните на теренот особено во првото полувреме
Ефект каков што имаше офанзивниот играч за врска на мадридски Реал против Македонија во Гдиња во минатото забележаа и Гркот Арис Карасавиди против Холандија на ЕП 1988, Швеѓанецот Маркус Берг против Белорусија на ЕП 2009, Шпанецот Тиаго Алкантара против Италија на ЕП 2013 и Чехот Јан Климент против Србија на ЕП 2015
Националниот тим со максимална победа и против западниот сосед со 3:0 (по сетови: 25:21, 25:16, 25:22) за зацврстување на првото место во групата А. Турнирот во СРЦ „Кале“ завршува денеска (недела) со мечевите Азербејџан – Албанија (17 ч.) и Шведска – Македонија (19,30 ч.)
Офанзивниот играч за врска на Реал Мадрид погоди во 16 минута, во 54. и во 72., мрежата на Алексовски ја тресеа и Саул Нигез во 10. и Делофеу во 35. од пенал. „Црвено-жолтите“ покажаа заби, 24 пати се обидоа да постигнат првенец во дебитантското учество на ЕП, но не успеаја. Шанса за тоа ќе имаат во вторник (18 ч.) против Србија во Бидгошч
„Црвено-жолтите“ херои вечерва (20,45 ч.) на стадионот „Мунисипал“ во Гдиња, Полска во историски настап на една македонска репрезентација на завршен фудбалски самит на континентот
„Црвено-жолтите“, вечерва во СРЦ „Кале“, славеа со 3:0 (по сетови: 25:19, 25:19, 25:20) и во ниту еден момент не дозволија да бидат нарушени нивните победнички амбиции. Најмногу поени (22) забележа Никола Ѓорѓиев, Љафтов нанижа 11, Милев и Самадов по 8, Маџунков 7. Утревечер (19.30 ч.) во второто коло е дуел против Албанија
Националниот тим, предмалку, во Суми, Украина, одигра 27:27 со домашната селекција. Дејан Манасков не реализира удар за победа во последна секунда. Место на континенталниот собир во Хрватска ќе мора да се брка во недела низ последните 60 минути во квалификациите против Чешка на домашен терен
Германската амбасадорка во Македонија Кристине Алтхаузер, одговорајќи на новинарско прашање дали е можен прием на Македонија во НАТО под привремената…
Младата фудбалска репрезентација од 16 до 30 јуни ќе дебитира на Европските првенства за играчи до 21 година. На претстојното ќе биде дел од групата Б заедно со Шпанија (Гдиња, 17 јуни, 20,45 ч.), Србија (Бидгошч, 20 јуни, 18 ч.) и Португалија (Гдиња, 23 јуни, 20,45 ч.)
Мечот меѓу Македонија и Шпанија на „Телеком арена“ донесе три гола (1:2) на кои им претходеа и ефектни проигрувања и потези за око
„Фуријата“ вечерва славеше на „Телеком арена“ со 2:1 во шестото коло од циклусот за завршниот турнир во Русија. Давид Силва во 15 минута и Диего Коста во 27 минута погодија за гостите, Стефан Ристовски во 66 минута го постигна единствениот гол за „црвено-жолтите“ во петтиот пораз во групата Г. Наредниот настап на „црвено-жолтите“ ќе биде на 2 септември на гости против Израел