Browsing: Работнички

Ванче Шиков, Леон Најдовски и Стојанче Велинов се враќаат во комбинација кај дебармаалци. Реваншот со ривалот од Сан Марино во квалификациите за Лига Европа е утре попладне (17,30 ч.) на тренинг комплексот „Петар Милошевски“ при Фудбалската федерација на Македонија. Работнички има 1:0 од првата средба

Први на терен ќе излезат тетовските „црвено-црни“ кои од 18 часот на стадионот „Младост“ во Струмица ќе бидат домаќини на молдавска Дачија. Од 20,30 часот во Сан Марино, дебармаалци ќе гостуваат на тимот на Тре Пене, а битолчани од 20,45 часот ќе се пресметаат со полски Лех во Познањ

Дебармаалци со ремито кај Шкендија (2:2) и триумфот на Вардар над Ренова (2:0) и дефинитивно ќе играат во квалификациите за ЛЕ, напаѓачот на Пелистер, пак, против Силекс го постигна 126 првенствен погодок на македонските тревници и го надмина Зоран Бошковски на вечната листа

Бранителот на тронот ја совлада Ренова со 1:0, резултат со кој Шкендија загуби од Работнички на „Телеком арена“, и се одлепи на девет бода од тетовци на врвот на табелата. Екипата од Градски парк сега има плус пет од Пелистер во битката за трето место што води во квалификациите за Лига Европа

Офанзивниот играч за врска пристигна во Тетово од белгиски Локерен по двете позајмици во минатата година во Астана во Казахстан и во Серезо Осака во Јапонија. Викендот на Работнички му пристапи и Ванче Шиков на шест месеци

Сумата е компензација за нивните играчи што настапија за своите репрезентации во квалификациите за Европското првенство во 2016 во Франција. Вардар доби 148.584 евра, Работнички 115.248 евра, Шкендија 31.028, Металург 26.595 и Брегалница 4.432 евра