Кошаркарски Куп: МЗТ Скопје со титула побара прошка од навивачите

Аеродромци го совладаа Работнички со 76:67 (по четвртини: 17:14, 16:17, 21:17, 22:19) во финалето во салата „Јасмин“ во Кавадарци за деветта титула во натпреварувањето колку што има и тимот од Градски парк. Признанието за МВП во мечот за титулата му припадна Дамјан Стојановски

Смена во Градски парк: Горан Станковски е нов тренер на Работнички

Поранешниот македонски интернационалец и репрезентативец, кој досега работеше со младите категории во клубот од Градски парк, доаѓа на местото на Виктор Треневски кој по слабиот вовед во сезоната одлучи да се повлече од кормилото

Кошарка: Карпош С. елиминиран во ЛШ, дебакл на Работнички во Русија

Пирова победа на „соколите“ во Талин. Освојувачот на македонскиот Куп славеше со 81:78 во реваншот со Калев/Крамо, но естонскиот претставник ќе оди на двомеч со Алба Фехервар поради поубедливата победа во Скопје со 87:79. Руска Парма, пак, во Перм го декласира тимот од Градски парк со 88:63 во првиот меч од првото коло квалификации за ФИБА Европа купот  

Фудбал: Работнички го ангажира Нигериецот Гофри од Скендербег

Тимот од Градски во „пет до 12“ од летниот преоден рок го комплетира ангажманот на 19 годишниот напаѓач од албанскиот прволигаш од Корча. Од таму претходно пристигна и Бразилецот Сержо Антонио да Луис Жуниор (23). Меѓу „црвените“ пристигнаа и Ерменецот Вардан Погосјан, повремениот македонски репрезентативец Остоја Стјепановиќ и Флоријан Кадриу

Квалификации за ЛЕ: Работнички по гол(ови) во Минск

Дебармаалци имаат 1:1 на домашен терен и ќе треба да уфрлат во поголема брзина за елиминација на белоруски Динамо. Мечот на стадионот „Трактор“ е попладнево од 17 часот. Победникот од двомечот во наредното коло ќе игра со подобриот од дуелите меѓу АЕК Ларнака и Корк сити

Ждрепка за 3 коло за ЛЕ: Бинго за Шкендија, Работнички на Кипар

Тетовските „црвено-црните“ би играле со подобриот од двомечот меѓу шведски Норчепинг и Тракаи од Литванија доколу триумфот од 3:1 над Хелсинки биде доволен на реваншот во Финска. Дебармаалци, пак, во случај да го елиминираат Динамо Минск ќе одат на пресметки со Корк Сити или АЕК Ларнака на Даниел Мојсов и Иван Тричковски. Кипраните се поблиску до наредната рунда со оглед на минималната победа со 1:о на гостувањето во Република Ирска