Browsing: Шкендија

Струмичани со 2:0 го совладаа Борец, тимот од Џепчиште попладнето ремизира против Шкупи на Чаир – 2:2, а тетовските „црвено-црни“ одиграа 1:1 со Македонија Ѓ.П. во првиот натстап пред своите навивачи во сезоната. Вчера Вардар го совлада Работнички со 2:0

Тимот од Луксембург одигра 1:1 против тетовци и на својот стадион „Жоси Бартел“ и благодарение на триумфот со 2:1 на арената „Тоше Проески“ ги закопа „црвено-црните“ во, веројатно, најочајните меѓународни изданија во нивната клупска историја. Немоќта на тетовци се преточи во тешка фрустрација на гостувањето во Луксембург за што говорат и трите исклучувања, па тимот на Ќатип Османи го заврши мечот со седум фудбалери во поле. Висар Муслиу во 85. минута по вторпат пожолте, а директни црвени картони добија Валмир Нафиу и Агим Ибраими во судиското надополнување на средбата

Но, дотаму, како пречка, за тетовските „црвено-црни“ стои Диделанж. Првиот меч на македонскиот шампион со ланскиот учесник во групната фаза во ЛЕ е попладнево од 17.55 часот во Скопје, реваншот е на 30 јули (17.55 ч.) на стадионот „Жоси Бартел“ во Луксембург

Вкупниот буџет на УЕФА за новата сезона изнесува 3,25 милијарди евра од кои 2,4 милијарди се планирани за ЛШ. Износите се транспарентно објавени од централата на Европската фудбалска асоцијација. Вкупната финансиска конструкција за Лига Европа е 510 милиони евра, за Суперкупот и организациски трошоци се проектирани 295 милиони евра, а во т.н. „солидарен фонд“ ќе бидат насочени 227,5 милиони евра или 7 отсто

Во реванш мечот од првото квалификациско коло за ЛШ, тетовци влегоа со 1:0 од Талин, но загубија на арената „Тоше Проески“ од естонскиот првак со 1:2 со гол во 90 минута за болен пораз, елиминација и наместо двомеч со славниот шкотски Селтик се селат во Лига Европа на мегдан со Диделанж од Луксембург во второто коло

Тетовци го совладаа естонски Номе Калју со 1:0, стрелец на единствениот погодок на стадионот „Кардиору“ беше Агим Ибраими во 81. минута. Севкупниот победник од двомечот во второто коло ќе игра со подобриот од дуелите меѓу Сараево и Селтик. А, по исходот во Естонија попладнево, многу поблиску до пресметки со славниот шкотски клуб е македонскиот фудбалски шампион

Првиот меч е во Талин на 9/10 јули, реваншот е седум дена подоцна (16/17 јули) на националната арена „Тоше Проески“ во Скопје. Сараево ќе игра со Селтик (Шкотска), Сутјеска со Слован Братислава (Словачка), Црвена звезда со Судува (Литванија), а Марибор со Линфилд (Северна Ирска)