Browsing: упад

Имаше луѓе од партија кои мораше да ме видат, бидејќи ми помогнаа при вработувањето, па моето присуство требаше да биде како благодарност, рече Антонио Кочков, кој покрај покрај техничкиот премиер Оливер Спасовски, се појави во Кривичниот суд во својство на сведок за настаните во денот пред три години познат и како „крвавиот четврток“. За протестите „За заедничка Македонија“ била креирана група на Вибер

Ова го изјави обвинителката Вилма Русковска по денешното сведочење во Кривичниот суд на Михаил Младеновски и референтот за систем и гласање во Собранието, Сашко Коцевски во случајот за упадот и насилствата во парламентот на 27 април во 2017 година

За организација на настаните од 27 април во 2017 година што резултираа со упад во законодавниот дом, ќе им се суди на поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, актуелниот пратеник и поранешен претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, и на поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски

Првата годишнина од случувањата во Собранието беше во исчекување на судска разврска против повеќе од 33 лица, една амнестија и десетина собраниски насилници во затвор. На втората годишнина има дел осудени учесници во настаните, а јавноста сè уште чека на откривање на организаторите. Изречена е вкупна затворска казна од 211 години за 16 обвинети