Ракомет, ЛШ: ЖРК Вардар со рекордна седма победа во низа

Вардарки го совладаа Мец со 23:21 во второто коло од главната групна фаза. Сања Дамњановиќ најефикасна во триумфот над Французинките со пет гола. Составот на Давид Дејвис во наредното коло ќе гостува во Германија кај тимот на Тирингер

Ракомет, ЛШ: „Морача“ конечно падна, ЖРК Вардар го доби Будуќност

„Црвено-црните“ славеа над црногорскиот првак со 31:28 за прва радост во Подгорица на стартот од главната групна фаза во ЛШ. Неагу најефикасна на мечот со 10 гола, Пенезиќ постигна 8, Лекиќ 7. Во сабота во Скопје гостува Мец

Рекорди со Лајпциг: ЖРК Вардар со најубедлива победа на гости во ЛШ

Поубедлив, воопшто, е само тимот на Ференцварош кој во сезоната 1999/00 на домашен терен славеше над грчки Анагениси со 42:16. За вардарки ова беше 34 радост во елитата, петта во низа за израмнување на најдобрата клупска низа

Пенезиќ: Триумфот над ФТЦ ми е најдобар роденденски подарок

Хрватската репрезентативка смета дека ЖРК Вардар во Будимпешта го одигра најдобиот меч досега. „Црвено-црните“, речиси, беа непогрешливи и нападите ги завршуваа со 56 отсто успешност и 90 отсто од прецизност на ударите.

Црвено-црн „ураган“ низ Будимпешта: ЖРК Вардар го „збриша“ ФТЦ

Вардарки со камата го наплатија ремито од воведното коло во Скопје и ги декласираа Унгарките во нивната арена со 37:24. Лекиќ постигна 7 гола, Радичевиќ и Мавсар по шест за убедлив триумф и прво место во групата Б

Радичевиќ: Не смееме да „полетаме“

Тренерот на ЖРК Вардар, Дејвис и црногорската репрезентативка изразуваат задоволство од настапот со Астраханочка, но воедно и порачуваат дека е потребна приземност бидејќи најважното допрва доаѓа

Ракомет, ЛШ: Астраханочка невидлива покрај ЖРК Вардар

Македонскиот женски првак го декласира рускиот со 39:25 во групата Б за одбрана на првото место на табелата и осигурување на место во наредната фаза на две кола до крајот на тековната. „Експлодира“ Јованка Радичевиќ која постигна 9 гола

Дејвис нов тренер на ЖРК Вардар: Работа има, одиме чекор по чекор

Досегашниот асистент на Раул Гонзалез во РК Вардар е нов тренер на женскиот ракометен првак. Приоритет во неговиот прв самостоен ангажман е пласман на Фајналфор турнирот. На клупата ќе дебитира во сабота против Астраханочка во ЛШ