Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трампов “шамар” врз сојузништвото на САД со старите партнери

0
By Светлана Јовановска on June 10, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 10, 2018 10:21

Никој не сака да зборува за трговска војна но трговската војна е веќе тука. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера им сврте грб на своите традиционални и најстари сојузници од Европа и Канада и им се закани со нови повисоки царини. Самитот на Г7 (САД, Канада, Велика Британија, Германија, Италија и Јапонија) заврши со фијаско какво ретко се памети во модерната дипломатија.

По обичај, завршниот документ на Г7 беше напишан пред самитот по долги, мачни, па може да се каже и борбени преговори на сите седум делегациите учесници на средбата. Но, во последен момент вчера, Трамп одлучи дека овој трговски компромис на 28 страни не му се допаѓа и ја повлече својата поддршка.

Седуммината лидери и шефот на Европската комисија Јункер

Причината за овој американски “шамар” врз заедничката декларација, според Трамп, се зборовите на Канаѓанецот Џастин Трудо за време на завршната прес конференција на самитот.

Канада, како и Европа, е загрижена поради најновата одлука на Трамп за воведување нови царини врз челикот и алуминиумот. Факт е дека Трудо не беше нежен со Трамп за време на пресот и изјави дека овие царини за “навредливи” и најави, во договор со Европа, заеднички против санкции САД и одлучен одговор што ќе биде објавен во јули.

“Ние Канаѓаните сме учтиви и разумни, но нема да дозволиме некој да нé истурка”, рече Трудо коментирајќи го документот за кој сите учесниците на Г7 сметаа дека иако документот не е крајно решение на проблемот, е сепак добар компромис кој води во дијалог и намалување на тензиите помеѓу сојузниците.

Доналд Трамп и Џастин Трудо на самитот

Кога ги слушна овие зборови, милијардерот Трамп, кој веќе беше во авионот на пат за Сингапур на средба со северно-корејскиот лидер, и се врати на својата Твитер навика. Од претседателскиот Air Force One тој твитна дека им наредил на своите претставници на самитот да го повлечат американскиот печат од заедничката декларација.

Па Трамп почна со нови закани и напиша дека САД може да воведе поголеми царини за европските и странските автомобили увезени во САД. Треба да се знае дека автомобилскиот сектор тежи далеку повеќе од пазарот на челик и алуминиум. САД се најголемиот пазар за европските а пред се германските автомобили. Извозот на германските автомобили изнесува четвртина од вкупниот германски извоз во САД.

Но Трамп не застана тука па за Трудо напиша дека «нечесен и слаб». А само неколку часа претходно самиот Трамп изјави дека односите помеѓу САД и Канада никогаш досега не биле толку добри.

Треба да се каже дека европските и канадскиот лидер не одговорија позитивно на барањето на Трамп за враќање на Русија во клубот Г7. Москва беше исклучена во 2014 година поради анексијата на Крим. Европа смета дека Русија нема место во овој клуб се додека “го нарушува демократскиот систем”.

Лидерите ја напуштија Канада кога Трамп одлучи да го искине завршниот заклучок од Г7 самитот. Заминаа без да даваат изјави во ниту една насока, во надеж дека оваа трговска војна сепак ќе најде пат кон помирни води.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека лидерите на групата Г-7 се согласиле за заедничка позиција за трговијата, иако се уште постојат несогласувања меѓу нив:

– Јас се водам од принципот дека ние ќе имаме заеднички текст. Ние имаме различни мислења со САД, додаде Меркел.

Многу мерцедеси во Њујорк?

Царините помеѓу ЕУ и САД се различни. Европа го царини увозот на американски авомобили со 10 отсто (истата такса важи и за автомобилите од било која земја што не е дел од ЕУ).

Во САД, за странските автомобили се плаќа царина од 2.5 отсто.

Советникот на Трамп за трговски прашања пред неколку дена напиша во Њујорк Тајмс дека не е изненаден што Германија продава во САД три пати повеќе автомобили отколку што САД продава во Германија.

Самиот Трамп во приватни разговори често се жалел што има многу мерцедеси на улиците на Њујорк а многу малку американски автомобили на европските улици.

Според агенцијата АФП, за да ја оцени еднаквоста на трговската размена помеѓу партнерите, Трамп си поставува само едно прашање: дали една земја има трговски суфицит или дефицит со САД?

Во случајот на Германија станува збор за дефицит.

За време на Г7 средбата Макрон го спомна овој начин на размислување на Трамп велејќи дека Франција и Германија практикуваат слободна размена па сепак Франција има трговски дефицит со Германија, јави АФП.

Поддршка од републиканецот МакКејн

Европа и Канада добија поддршка од познатиот републикански сенатор Џон МакКејн кој напиша на Твитер:

“На нашите сојузници: мнозинството Американци и даваат поддршка на слободната размена, на глобализацијата и поддршка на сојузите запечатени со 70 години заеднички вредности. Американците се со вас и покрај тоа што тоа не е случај со нашиот претседател.”

автомобили алуминиум Велика Британија Г7 Германија Доналд Трамп Италија Јапонија Канада САД трговска војна цариним челик Џастин Трудо
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 18, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

ВЕСТИ June 18, 2026

Доналд Трамп потпиша договор од 14 точки со Иран, тврдејќи дека тоа донело „голема победа“…

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.