Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Tрибина: “Размислувања за иднината на Северна Македонија“

0
By Marija Todorovska on November 28, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 28, 2024 14:10

Денеска се одржа трибина насловена како “Размислувања за иднината на Северна Македонија“, во организација на СДА Македонија.

 Домаќин и модератор на трибината беше Џелал Хоџиќ, претседател на СДА Македонија, а говорници беа Љубчо Георгиевски, претеседател на ВМРО Народна партија и поранешен премиер на државата, Никица Корубин, поранешен пратеник и аналитичар, како и Ивон Величковски, лидер на Движење за нова република и исто така поранешен пратеник.
 На трибината се искажа голема загриженост за тоа што Владата го менува курсот во меѓународната политика кон Исток и ги менува стратешките цели на државата. Говорниците укажаа и дека Владата во процесот на блокирањето на европските интеграции со неусвојување на потребните измени на Уставот повторно ќе ја изолира Република Северна Македонија од демократски развиениеот свет, а со тоа ќе се мотивираат младите уште повеќе да се ислеуваат од државата. Беше упатена критика дека изолирањето на државата се прави со цел Република Северна Македонија да не го фати возот за проширувања на ЕУ со Црна Гора и Албанија, кое е најавено да се случи до 2030 година.
 Говорниците упатија остра критика и за воспоставување на стратешкото партнертсво со Орбанова Унгарија преку користење на нетранаспарентниот кредит од милијарда евра. Авторитарното владеење на Виктор Орбан е предмет на сериозна критика на државите од ЕУ, каде ние како држава се стремиме да идеме.
 Се кретикуваше политиката на Владата која треба да го преиспита учествтото во иницијативата “Отворен Балкан“, во која досега не пристапија БиХ, Црна Гора и Косово, а свое повлекување најави и Албанија. Единствени видливи цели на иницијативата “Отворен Балкан“ се стратешко партнерство со авторитарната политика на Александар Вучиќ и обиди за маргинализирање на иницијативата “Берлински процес“ која има за цел вистинско поврзување на државите од Западен Балкан и нивна интеграција кон ЕУ.
 Во заклучните зборови упатен е апел до пратениците во Собранието, и од владеачкото мнозинство, но и од опозицијата, за што побрзо да ги стават на дневен ред Уставните измени, со цел да се откочи домашната блокада на европскиот пат.
ЕУ Иднина СДА Северна Македонија трибина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.