Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тензии, закон и најава за ново вето од претседателот-што е следно

2
By Нова ТВ on March 15, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 15, 2018 09:22

Собранието вчера во тензична атмосфера во која беше избегнат инцидент, го донесе Законот за употреба на јазиците.

Законот е донесен со 64 гласа „за“, без да се отвори амандманска расправа. На ова претходеше инцидент меѓу пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и спикерот Талат Џафери.

Пратениците од опозициската партија, кои не добија можност за процедурална забелешка, се собраа пред претседателската маса, негодуваа и викаа дека амандманите над 35.000 што тие ги поднесоа мора да бидат разгледани, а во еден момент Груевски ја зеде чашата со вода што стоеше пред спикерот и ја истури по масата.  Потоа се упати од другата страна на масата каде што седи претседателот на Парламентот и ја извади неговата картичка од системот. Инцидентот заврши со интервенција на собраниското обезбедување и обезбедувањето на претседателот на Парламентот, откако дојде и до физички контакт.

Во текот на вчерашната расправа, која беше постојано прекинувана со паузи за куси координативни состаноци, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бареше Комисијата за мандатно имунитетни и деловнички прашања да се изјасни за тоа дали треба или не да се разгледуваат поднесените амандмани за законот и второто, да се разгледаат амандманите на самата седница, што не беше прифатено од Џафери.

Џафери тврди се е според законот и Деловникот

На прес-конференција вчеравечер, Џафери, прашан зошто не отворил амандманска расправа одговори:

-Член 173 став 3 точно утврдува можност да се поднесат амандмани, но член 172 од Деловникот упатува дека откако нема да биде потпишан Указот од претсеателот Законот се враќа во собраниска процеура во трето читање. Член 164 став 2 од Деловникот, децидно зборува за фактот дека во трето читање амандмани може да се достава само по делови кои во второ читање биле измените или дополнети со амандмани. Имајќи предвид дека законот во второ читање не претрпи никаква измена и претседателот на Собранието се впушти да го спроведе член 164 став 2.

Џафери рече дека нема да дозволи во неговиот мандат во Собранието да се повторат 24 декември 2012 година и 27 април 2017 година и оти од денот кога стапил на оваа функција бил свесен за сите предизвици пред кои ќе се најде.

За оспорувањето на уставноста на Законот, тој рече дека за тоа единствено надлежен е Уставниот суд откако ќе биде донесен законот.

Иванов најави вето, Мицкоски кривична за Џафери

Претседателот Ѓорге Иванов доцна синоќа најави дека повторно нема да го потпише указот за прогласување на законот. Според него, по својата репресивна содржина, и по насилниот начин на кој е донесен Законот за употреба на јазиците, не е израз на демократијата.

– Уставот и совеста не ми дозволуваат да ставам потпис на Указ за прогласување на ваков закон, истакна во своето обраќање до претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа на прес-конференција најави дека неговата партија ќе поднесе кривична пријава против Џафери за, како што наведе, флагрантно кршење на Уставот и на законите. ВМРО-ДПМНЕ, рече тој, нема да го признае законот и ќе поднесе иницијатива за оценување на неговата уставност.

– Денеска флагрантно се прекршени Уставот и законите, а владејачкото мнозинство, СДСМ и Зоран Заев, ја поништија волјата на граѓаните, изјави Мицкоски.

Законот, како што истакна, е неуставен, неприменлив и штетен, договор меѓу СДСМ и ДУИ, без одобрение од граѓаните.

– Носењето на ваков противуставен закон не е само удар врз правото, туку и врз соживотот. Некој свесно не турка повторно во непосакувано сценарио во кое влогот е РМ. Држава во која не владее правото, е разнишана држава, рече Мицкоски.

Како државотворна партија ВМРО-ДПМНЕ, според него нема да ја напушти масата за преговори за реформските закони.

СДСМ преку соопштение посочи дека случувањата во Собранието потврдија дека токму Никола Груевски стои зад обидите да се блокира работата на Собранието и зад обидите да се блокираат реформските процеси и евро-атлантската перспектива на Македонија. Исто така тоа е потврда, сметаат во СДСМ, дека Христијан Мицкоски е само марионета на осомничениот Груевски и дека воопшто не поседува капацитет за да ја реформира ВМРО-ДПМНЕ.

– Тоа што ВМРО-ДПМНЕ претходно веќе го прифати Законот за употреба на јазиците, како и тоа што од 35 илјади, речиси 33 илјади амандмани се однесуваат само на казнените одредби, докажуваат дека поднесените амандмани на ВМРО-ДПМНЕ немаат врска со законот туку служат само за блокада на Собранието, се посочува во соопштението од СДСМ.

Според владејачката партија, со најавите дека нема да го потпише Указот за Законот за употреба на јазиците, Ѓорге Иванов се обидува да се стави над Уставот на Република Македонија и делува како остаток на поразениот режим.

Што следува

По вчерашното повторно изгласување на Законот за употреба на јазиците, претседателот на државата, според Уставот, е должен да го потпише указот за негово прогласување. Но Иванов вчера се изјасни дека нема да стави потпис.

Прецизно, не е посочено што е предвидено во случај кога претседателот одбива да го потпише указот. Според правни експерти, можно е автоматско објавување на Законот во Службен весник со цел да започне и неговата официјална примена или да се поднесе барање пред Управниот суд за утврдување надлежност и повреда на управна постапка.

Ова е вторпат законот да се најде на потишување пред претседателот, откако беше изгласан на 11 јануари, по што Иванов не го потпиша и беше вратен во Собранието на повторно разгледување. ВМРО ДПМНЕ поднесе 35.000 амандмани.

ВМРО-ДПМНЕ Груевски Закон за јазици Иванов Мицкоски СДСМ џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.