Author: Mirjana

Внедела на 15 мај, Синодот на Српската Православна Црква  ќе одржи седница на чиј дневен ред е темата за признавањето на Македонската православна црква Охридска архиепископија од страна на Вселенската патријаршија и посебно околу она што во јавноста го изјави Зворничко-тузланскиот епископ Фотиј дека начелно веќе било договорено канонско единство меѓу двете цркви кое требало да се аминува веќе на мајскиот Собор на СПЦ. Во поглед на неодамнешната средба меѓу претставници на двете цркви во Ниш и околу средбите и дијалогот што ќе следат во иднина, нашите владици се прилично затворени. Владиката Петар, Митрополитот на Преспанско – Пелагониската епархија во…

Read More

Скопје за првпат ќе биде домаќин на 5-неделната бесплатна едукативна програма наменета за студенти, кои сакаат да научат како да креираат апликации за паметни телефони. За да се квалификуваат на Инфинум академијата, апликантите треба да поминат приемен испит, а пријавувањата се до 15 мај. „ Ја основавме Инфинум академијата со мисија да им помогнеме на студентите и на дипломираните инженери во подобрување на нивните вештини во дизајнирање и развој на модерен софтвер. Курсевите опфаќаат теорија, но поголемиот дел од времето на студентите е посветено на практични задачи. Сите заинтересирани може да се информираат директно преку https://academy.infinum.com/ – вели Ѓорги Ќосев, директор на Инфинум Македонија. Од 2015 година,…

Read More

Иако има тенденција на намалување, сивата економија и натаму учествува со висок процент во бруто домашниот производ. Досегашните студии покажуваат надолна тенденција на учеството на неформалната економија во БДП каде проценките се движат од 21,3% до 39,5%. Од 2006 година кога сивата економија била 31,6 отсто од БДП, во 2020 што значи за 14 години, таа стигнала до 23,2 проценти во БДП. Преведено во паричен износ, станува збор за околу  250 – 300 милиони евра или производство на добра и услуги во тој износ кои остануваат надвор од видокругот или од  „окото“ на државата. Сивата Економија во државата најмногу доаѓа…

Read More

Ова е воопшто прв документиран приказ за постоењето на големата црна дупка, позната како „Sagitarius А*“ или „Стрелец А*“ или уште како пулсирачкото срце на Млечниот Пат. Црните дупки не испуштаат светлина, но сликата ја прикажува сенката на црната дупка опкружена со светлосниот прстен, кој е свиткан од гравитацијата на црната дупка. Астрономите велат дека црната дупка е 4 милиони пати помасивна од нашето Сонце и околу 9,5 трилиони километри оддалечена од земјата.  На астрономите им требаа години да ја фатат и потврдат оваа слика и откритие. Претходно, научниците набљудуваа ѕвезди кои орбитираат околу некој невидлив, масивен објект во галактичкиот…

Read More

Општина Тетово  ја разреши директорката на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ Теута Лала, откако тоа го побарал Советот на училиштето. На овој  и ваков развој на настаните, му претходела ревизорска контрола на нејзиното работење која утврдила низа прекршоци кои предизвикале негативни финансиски импликации и нарушување на воспитно-образовниот процес. Информирајќи за  ова  Назми Даути, раководител на секторот за образование во општина Тетово, уште рекол дека во меѓувреме била покрената и тужба против директорката. Алсат – М телевизија, која имала увид во ревизорскиот извештај, потврдува дека имало прекршувања и тоа по осум основи: реализација на некои градежни работи без важечки договор со фирмата, без…

Read More

„Јавноста треба да знае дека овој чин е еден од плодовите на Преспанскиот договор. Без решавање на македонско-грчкиот спор за името ова немаше ни да се покрене, а камоли да се случи. СПЦ најверојатно ќе и предложи на МПЦ-ОА статус на автономна посебна или независна црква, што е за една градација помалку од автокефална црква. Ќе видиме како на тоа ќе реагира Синодот на МПЦ-ОА. Вселенскиот Патријарх, не може да го потпише томосот за давање автокефален статус на МПЦ-ОА, без за тоа согласност да даде СПЦ, од преходно објаснетите причини. Но полека созреваат условите да се случи такво нешто. Во…

Read More

„Одлуката на Синодот на Вселенската патријаршија за признавање на нашата црква за канонска е еден од неколкуте поважни настани во најновата државна историја рамен со други слични достигнувања како на пример стекнувањето на независноста. Имено, тоа што е 8 септември 1991та за нашата држава и за нејзините граѓани, сметам дека тоа е 9 мај 2022та за современата наследничка на древната Охридска архиепископија и за нејзините верници, вели во интервју за НОВА, универзитетскиот професор од Правниот Факултет, Александар Спасеновски. Што мисли професорот Спасеновски за ставот на Руската православна црква и за улогата на Српската православна црква во идниот дијалог со Македонската…

Read More

Британската ТВ мрежа Скај њуз објави репортажа од Финска, во која се дадени детали за тоа како таа земја се подготвува за руска инвазија уште од 1993 година. Приказната започнува со навидум обичен базен, во предградието на Хелсинки. Но, тоа е уникатен базен кој кажува речиси сè што треба да се знае за тоа зошто Финска е загрижена за руската инвазија, пишува Sky News, пренесува Index.hr. Базенот се наоѓа под земја, ѕидовите изгледаат како да се врежани во карпа, а над капачот има 15 метри гранитна карпа. Зад мрежата на главниот влез, како и во подрумот, се кријат масивни врати…

Read More

Во последните 24 часа направени се 1.365 тестови и  регистрирани се 93 нови случаи на КОВИД-19. Сликата по градови изгледа вака: Скопје – 51, Битола – 15, Охрид – 5, Тетово и Кавадарци – по 4, Прилеп – 3, Велес и Штип – по 2, Куманово, Струмица, Кичево, Струга, Гевгелија, Ресен и Берово – по 1. Од вкупниот број на позитивни 93 лица, регистрирани се 12 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19, од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица. Бројот на активни случаи изнесува…

Read More

Пишува: Нано Ружин   На 9 Мај, претседателот на Франција Емануел Макрон, во обраќањето пред  Европскиот Парламент, предложи „ревизија на европските договори“ и „структурирање на Европа“ околу една „европска политичка заедница“, инаку стара иницијатива на поранешниот француски претседател Франсоа Митеран,  Жак Делор и на некогашниот  евро-пратеник Алтиеро Спинели. Предлозите на Макрон само два дена по неговиот говор отворија голема дилема во ЕУ а веќе се издвоија и тринаесет потиписници на „нон-пејперот“ кои не ги прифаќаат предлозите на францускиот претседател. Овој вид дебата се провлекува низ целата историја на ЕУ како теориско/политичка конфронтација меѓу федералистите од типот на Шуман, Моне, Халштејн, Лунс,…

Read More

Во два наврати полицијата во Тетово кај шест малолетници 4 од градот а двајца од селата Ѓермо и Озормиште, пронашла марихуана како и два ножа и метален предмет. Еден од двата настана се случил во раните утрински часови денеска а еден во текот на вчерашниот ден. Кај двајца малолетници од Тетово и кај еден од Ѓермо полицијата во раните утрински часови денеска, пронашла марихуана, по што со нив во присуство на нивните родители бил обавен разговор. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, информираат од СВР Тетово.  Кај другите тројца малолетници од кои двајца од Тетово а третиот…

Read More

Агенцијата на Обединетите нации за безбедност и права на децата во светот, УНИЦЕФ, ги дефинира Филипините како „глобален епицентар на трговијата со сексуална злоупотреба на деца во живо“ уште во 2016 година. Сепак, дури оваа година Претставничкиот дом го одобри нацрт-законот за борба против сексуалната злоупотреба или експлоатацијата на деца, кој има за цел да ги забрани сите форми на сексуална злоупотреба и на детска експлоатација вклучувајќи ја  и онлајн злоупотребата. Се проценува дека 2 милиона филипински деца се подложни на онлајн злоупотреба и експлоатација. И со една ваква бројка изненадува фактот што на неодамнешните претседателски избори во земјата, ниту…

Read More