Author: Sashko

Автобус со романски регистарски таблички вечерва се запали во регионот Гурково во Бугарија. За среќа нема повредени, а во автобусот бил само возачот. Според пожарникарите, автобусот се самозапалил во движење и најверојатно станува збор за техничка неисправност. Возачот зборува само романски јазик, па сè уште нема информации на каде патувал.

Read More

Попладнево околу 17 часот, на автопатот А3 (Брегана – Загреб – Липовац), се превртел камион со македонски регистарски таблички за транспорт на возила што беше причина за затворање на сообраќајот меѓу клучките Новска и Окучани. Во несреќата е повреден возачот, а неколку возила завршиле преку коловозот при превртување на камионот. „Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо, изјави читател на 24 сата.хр.

Read More

Ангела Меркел мина 16 долги години како канцелар на Германија, една од најбогатите земји на Стариот континент. Земјата во овој период се подготвува за проштална забава на челичната канцеларка која со децении ја обликуваше европската политичка сцена. Меркел за својата прослава го избра омилениот бенд, кој ќе ги свири нејзините три омилени песни. Церемонијата ќе се одржи во четврток, а на неа ќе присуствуваат „само“ 200 гости поради пандемијата на коронавирус. Меѓу нив ќе има и 52 министри од претходните четири влади на чело со Меркел. Иако со децении е една од главните фигури на политичката карта на Европа, Меркел…

Read More

На булевар „Трета македонска бригада“, кај „Раде Кончар“, пријавено е дека во 18:50 часот настанал пожар во автобус на Јавно сообраќајно претпријатие – Скопје, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Од УПС од Полициската станица Аеродром на лице место е констатирано дека автобусот е опожарен во задниот дел кај моторот. Територијална противпожарна единица на Град Скопје информира дека нема повредени лица.

Read More

Претседателот на САД, Џо Бајден денеска се обрати до нацијата и одговараше на прашања околу новиот вид на ковид-19. Именуван како Омикрон, вирусот најпрвин беше откриен во Јужна Африка, за потоа да се прошири најмалку во 14 земји. Претседателот рече дека Омикрон е причина за загриженост, но не и за паника и уште еднаш повика на масовна вакцинација во земјата, нагласувајќи дека е неопходно да се земе и третата, засилувачка доза. Тој истакна дека администрацијата активно работи со производителите на вакцини за вакцинација на сите Американци. На брифингот на кој одговараше на прашања од новинари, учествуваше и Ентони Фаучи, главниот…

Read More

Инфраструктурните проекти од делот на патната и железничката инфраструктура, гасификацијата, како и економските потенцијали на земјата и отвореноста за влез на инвеститори од Германија, се дел од темите за кои денеска разговораа министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски со заменик-амбасадорот и раководител на одделот за економија на германската амбасада, Ото Граф во Министерството за транспорт. Денешната средба беше од огромно значење за да ги промовираме можностите за вложување и на двете земји. Разговаравме и околу инвестицискиот циклус во делот на инфраструктурата. Имаме одлични услови за инвестирање, ги повикувам сите заинтересирани германски компании да вложат во нашата земја и да…

Read More

Патниците со два лета на КЛМ, кои утринава слетаа на аеродромот „Шипол“ во Амстердам од Јужна Африка, се задржани во авионот. Тие се тестираат за коронавирус во врска со новата, веројатно позаразна, варијанта откриена во јужниот дел на Африка. Во моментот не им е дозволено да го напуштат авионот, јавуваат медиумите. Passengers from #SouthAfrica are currently not allowed to exit the plane in #Amsterdam Airport #Schiphol, #Netherlands amid fears over the new variant of #COVID19. #NuVariant pic.twitter.com/66Jq1aR3Sn — ʀᴀᴠᴇᴇɴ ᴀᴜᴊᴍᴀʏᴀ (@raveenaujmaya) November 26, 2021 Секој од нив ќе биде подложен на ПЦР тест на аеродромот, а тестовите ќе бидат анализирани…

Read More

Вредноста на биткоинот денеска се намали за речиси 8 отсто по извештаите за нов сој на коронавирусот, кој потенцијално е отпорен на вакцина. Тоа ги наведе инвеститорите да се ослободат од ризичните имоти во корист на безбедните засолништа, како што се државни обврзници, јен и долар. Биткоинот се намали за 7,8 проценти и чини 54.377 долари, што е најниско ниво од 12 октомври. Според научниците, новиот вид на коронавирусот, што беше откриен во Јужна Африка, во Боцвана и во Хонг Конг, претставува необична комбинација на мутации, што може да го направи отпорен на имунолошкиот одговор на телото или попренослив и…

Read More

Во последните 24 часа во Хрватска се пријавени 75 починати пациенти од ковид-19 од кои 60 не биле вакцинирани со ниту една доза, а заразата е потврдена кај уште 5.460 лица, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. Во Хрватска во моментот има 34.731 активни случаи на инфекција со коронавирус, пренесува Хина. Од почетокот на пандемијата, во земјата се регистрирани вкупно 594.475 случаи на коронавирус од кои 10.644 лица починале како последица на инфекција со ковид-19. Досега во Хрватска се тестирани 3.411.379 милиони лица од кои 13.771 во последните 24 часа. Заклучно со денешниот ден се аплицирани 4.073.744 милиони дози на…

Read More

Во нова масовна гробница кај Вуковар се пронајдени посмртни останки на најмалку десет лица од последната војна, пишува денеска загрепски „Вечерњи лист“. Министерството за бранители вчера соопшти дека во новата гробница се пронајдени останки на пет лица. Весникот пишува дека со оглед на тоа што досега е пребарана третина од локалитетот, не е исклучено оваа бројка да биде поголема. Министерот Томо Медвед денеска го посети местото на масовната гробница заедно со членовите на семејството кои трагаат по нивните исчезнати.

Read More

Трките од Светското првенство во Формула 1 во Каталонија ќе останат во календарот најмалку до 2026 година, откако раководните луѓе на натпреварувањето денеска го продолжија договорот со патеката „Каталуња“ крај Барселона Продолжувањето на договорот вклучува подобрување на условите на патеката и придружните објекти пред наредната трка на „Каталуња“ што е закажана за 22 мај во 2022 година. Екипите и возачите се среќни секој пат кога доаѓаат во Барселона, изјави генералниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали. Патеката во Барселона, со капацитет ода131.000 гледачи, се користи за трките во Формула 1 од 1991 година.

Read More

Европските и азиските земји денеска ги заострија ограничувања за патување, откако во Јужноафриканската република (ЈАР) е откриена нова варијанта на коронавирусот со најголем број мутации досега, но сè уште не е познато дали е поопасна од претходните соеви. Велика Британија, Германија, Израел Сингапур и Јапонија се меѓу оние кои веднаш иницираа забрана за летови од ЈАР и соседните земји. ЕУ предлага да се забранат летовите од тој регион во целата Унија. Сепак СЗО, по денешната итна седница, оцени дека препораките за воведување рестрикции при патувањата се избрзани. Велика Британија веднаш воведе забрана за директни летови од шест африкански земји. Британците…

Read More