Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Орбан со нацистички мерки против невладините – ги означува со етикети

0
By Нова ТВ on June 16, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 16, 2018 11:34

Активистите на владејачката партија во Унгарија Фидеш на Виктор Орбан покренаа вознемирувачка кампања на означување на канцелариите кои се занимаваат со заштита на човековите права и и помош за мигрантите.

На вратите на невладините организации лепат етикети на кои пишува „Промигрантска организација“, а една од оние кои се означени на ваков начин е унгарската канцеларија на Амнeсти интернешенал.

Тоа лично го направил висок финкционер на Фидеш Иштван Холик, кој беше пратеник во минатиот состав на Парламентот.

Истото го направиле и со канцеларијата на организацијата Менедек (или во превод азил), означувајчи ја со видлива етикета на нивната влезна врата.

Она што е значајно за оваа органзиација Менедек е дека е сместена во зградата во која во 1944 година нацистите ставиле Давидова ѕвезда, бидејќи во неа тогаш живееле Евреи. Во последните две години на Втората светска војна поголем дел од стотината илјади унгарски Евреи биле депортирани во Аушвиц и други логори каде биле бритално убиени.

Кампањата на Орбан против невладините организации

Истата оваа пракса на означување на канцеларии на невладините организации во Србија ја спроведува екстремистичката група Заветници, но во Унгарија тоа го прави владејачката партија на Орбан, што е посебно застрашувачки.

Сето тоа е дел од пошироката кампања против невладините органзиации особено оние кои им помагаат на мигрантите, за што во иднина во Унгарија се поанира и затворска казна.

Стоп Сорос

Фондацијата на унгарскиот милијардер Џорџ Сорос во мај официјално најави дека ги затвора канцелариите во Будимпешта и се сели во Берлин како одговор, на како што го, нарече зголемен „репресивен политички и законски амбиент во Унгарија“.

Фото: Дојче веле

Фондацијата „Отворено општество“ ги истакнува ограничувањата за невладините организации и кои се очекува да бидат меѓу првите законски приоритети на новиот состав во унгарскиот Парламент.

Овој потег на Фондацијата следи откако Орбан беше повторно избран за премиер.

Заминувањето на Фондацијата „Отворено општество“ од Будимпешта уште во април го најави австрискиот весник „Ди Пресе“, но тогаш немаше официјална потврда.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја нападна работата на американскиот милијардер со унгарско потекло, обвинувајќи го за мешање во внатрешните работи на земјата и за помагање на опозицијата.

Една од неговите цели беше Централно европскиот универзитет (ЦЕУ) со седиште во Будимпешта. Орбан во април лани донесе контроверзен закон за образование чиј таргет беше токму овој Универзитет чиј основач е Сорос.

Илјадници студенти одржаа протести против наводните реформи во образованието на Орбан, чиј повод беше токму овој закон, но пораката беше дека се воведува цензура.

Во октомври лани, Орбан му даде рок на Универзитетот од една година да се прилагоди на одредбите од законот.

Унгарскиот премиер повеќепати го обвини Сорос и ЕУ за мигрантската криза и одби да ги почитува правилата за згрижување на бегалците,.

Унгарската националистичка влада на чело со Орбан во јануари усвои нов пакет закони за борба против илегалната имиграција, за која вели дека ја поткопува европската стабилност и е делумно поттикната од милијардерот Џорџ Сорос.

Пакетот закони, наречен „Стоп Сорос“, предвидува задолжителна регистрација на некои невладини организации кои ја поддржуваат илегалната имиграција.

Исто така, ќе се воведе данок од 25% на сите странски донации што ги примаат невладини организации, а активистите би можеле да добијат ограничен пристап до унгарските граници на Европската Унија, кои се оградени откако мигрантите почнаа масовно да доаѓаат во 2015 година.

Стоп операција Сорос во Македонија

За време на власта на ВМРО ДПМНЕ, во јануари 2017 и во Македонија беше основана граѓанска организација Стоп операција Сорос, која преку црна кампања во медиумите под контрола на режимот на Никола Груевски ширеше лажни вести и навреди за новинари, политичари и други јавни личности.

Ова здружение ја етикетираше Фондацијата Сорос како „радикална левичарска и тоталитарна“, и дека нејзината цел е „да се избришат идентитети, народи и нации и да се создаде едно  „отвореноопштество“ со кое ќе управува некој од надвор“, што според нив „сериозно ја загрозува безбедноста на Македонија преку своето делување“.

СОС Фото Курир

Како негови основачи во медиуите се појавуваа новинарите Цветин Чилиманов, Ненад Мирчевски и Никола Србов.

Во ноември лани Владата на Зоран Заев ги затвори сите истраги што режимот на Груевски ги започна за наводна „десоросоизација“, по неговиот говор кон крајот на 2016, пред ДИК, кога упати закани и до странските претставници во земјава, по што тогашната власт започна хајка против 21 невладина организација кои ги етикетираше како „непријатели на власта и на државата“, а како нивен финансиер го посочуваа сопственикот на фондацијата Сорос, Џорџ Сорос.

Со месеци во истрагите беа вклучени и МВР и УЈП, но беа пронајдени никакви докази за сомнително работење или направени прекршоци.

Во март годинава, министрерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на директна средба со невладините организации и граѓански здруженија кои беа цел на оваа хајка, им соопшти дека не постојат докази за обвинувањата кои беа основа за оваа истрага.

Етикети Мигранти Орбан Сорос фашизам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 12, 2026Updated:June 12, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

ВЕСТИ June 12, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави и Иран се на чекор до…

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

June 11, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.