Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поднесена кривична пријава против четири лица за терористичка организација

0
By Marija Todorovska on December 17, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 17, 2024 15:03

Секторот за борба против тероризам поднесе кривична пријава против четири лица до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Г.М. (21) од Гостивар е обвинет за создавање терористичка организација, додека Х.Б. (32) од Струга, Р.С. (38) и Т.М. (27) од Гостивар се обвинети за учество во истата организација.

Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, Г.М. на почетокот на 2024 година формирал терористичка „ќелија“ со идеолошка матрица на ИСИС, со намера за изведување терористички акти на територијата на Северна Македонија.

– Г.М. на почетокот на 2024 година создал терористичка организација во која членуваат Х.Б., Р.С. и Т.М., како и уште неколку засега непознати лица, па сите заедно формирале терористичка организација- „ќелија“ со основи на идеолошката матрица на познатата терористичка организација ИСИС, со  намера за изведување на терористички акт на цивилни или таканаречени меки цели, односно јавни објекти на територија на Република Северна Македонија. За остварување на таа намера, Г.М. формирал повеќе групи на социјалната мрежа телеграм, во кои што споделувал претходно набавен и преведен пропаганден материјал на ИСИС и регрутирал нови членови, се обидел да набави огнено оружје, а набавил и упатства за изработка на импровизирани експлозивни направи кои што потоа требало да ги искористат за извршување на терористички напади. Х.Б., Р.С. и Т.М. членувале во дел од телеграм групите, каде што се споделувале преведени материјали кои претходно биле преземени од официјални медиуми користени од терористичка организација ИСИС како што е “EN-Nebe“ (официјален весник на ИСИС), стои во соопштението од МВР.

Оттаму дополнуваат дека при претрес во неговиот дом, пронајдени и одземени се иштол „гап“ кал.8 мм со празна рамка со метален додаток, два лап топ компјутери, полнач за лап топ, два мобилни телефони со две СИМ картички и истите се доставени до ОЈО за ГОКК.

– По извршената анализа на обезбедените електронски докази содржани во телефонот на Г.М., утврдено е дека тој формира и координира активности во својство како “војник на ИСИС тн. Исламска држава“ за медиумска промоција и заштита на терористичката организација, со намена за албанско говорно подрачје. Активностите се одвиваат главно на социјалната мрежа телеграм, при што Г.М. користи телеграм профили со кои што формира и администрира повеќе телеграм групи за организација и преработка на материјали преземени од официјални медиуми користени од терористичка организација ИСИС како што се: “AL-Hayat Media Center“ (официјален медиум на ИСИС), “EN-Nebe“ (официјален весник на ИСИС) и “Al-Bayan-Radio“ (официјален радио канал на ИСИС). Исто така, Г.М. формира неколку други телеграм групи во кои координира активности за ширење на агендата на ИСИС. Г.М. набавил повеќе фотографии со кои што се поттикнува извршување на терористички акти за време на новогодишните и божиќните празници со намера да ги сподели во телеграм групите кои што ги формирал за да поттикне извршување на терористички напади, дополнуваат од МВР.

Воедно, наведуваат дека врз основа на добиени наредби за претрес на дом, на 15.12.2024 извршен е претрес во дом и други простории кај лицата, при што пронајдени и одземени се повеќе мобилни телефони, лап топ и деск топ компјутери, таблет, преносна меморија, видео рекордер, разна документација, листови хартија со натписи на арапски и албански јазик, прстен со амблем на ИСИС, книги со литература на арапски јазик и друго.

– Сите лица се лишени од слобода и на 16.12.2024 се изнесени пред судија на претходна постапка, од чија страна им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, посочуваат од МВР.

Корупција Кривична пријава криминал МВР Терористичка организација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.