СДСМ: Избирачкиот список ги елиминира можностите за злоупотреба

Од СДСМ реагираат на вчерашната информација од ДИК според која на претстојните избори, право на глас имаат милион 784 илјади 416 избирачи, од кои милион 531 илјада 368 се запишани во Република Македонија, додека на посебен извод ќе бидат запишани 230.122 гласачи кои се надвор од земјата или има сомневање дека се надвор

Министерката Томовска Арсовска преку писмо контра забелешките на ОБСЕ

Марта Томовска Арсовска, денеска пиша отворено писмо до претставницните на ОБСЕ/ОДИХР во коешто суптилно застанува во одбрана на власта, а обвинува за злоупотреби на администрацијата од страна на опозицијата

МОСТ: Изборни нерегуларности пред почетокот на кампањата

Граѓанската асоцијација МОСТ за периодот од 15 октомври до 20 ноември регистрирала повеќе изборни прекршувања, како непочитување на принципот на одвојување на државата од партијата, притисоци врз вработените во јавниот сектор, притисоци за гласање или обезбедување гласачи за владејачката партија, злоупотреба на јавни ресурси...

Трајанов: Тезата за федерализација е на ВМРО ДПМНЕ и МАНУ од 2001

Раководството на ВМРО – ДПМНЕ, каде беше член и Никола Груевски, порачаа од МАНУ, проект за размена на територии и население, како и карти, за тоа како треба да се направи поделбата на Македонија, рече Трајанов на прес конференција

Европратениците веруваат во фер избори,не дозволија новинарски прашања

Европратениците претпладнево средбите ги започнаа со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, по што се сретнаа со лидерите на СДСМ, ДПА, ДУИ, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети, додека од ВМРО ДПМНЕ разговараа со Никола Попоски

(ВИДЕО) ДУИ отвори штаб во училиште, на новинарите им забрани пристап

Демократската Унија за Интеграција отвори изборен штаб во основното училиште „Јашар Беј Шкупи“, во населбата Дуќанџик во општината Чаир, објави ТВ Шења. Екипата на телевизијата вечерва...

Пендаровски: Ќе спроведеме комплетен реизбор на судиите

Една од работите во овој контекст која ќе биде исклучително значајна е тоа што имаме намера по 11 декември веднаш да го продолжиме мандатот на СЈО, да воспоставиме специјални судски одделенија во сите три инстанци почнувајќи од основниот, па се до врховниот суд кои ќе ги прифаќаат предметите кои СЈО ќе ги процесуира, рече Пендаровски

Бејли: Граѓаните да гласаат, а политичарите да не поттикнуваат тензии

Американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли по повод почетокот на изборната кампања на неговиот профил на Твитер ги повика политичките лидери да спроведат кампања без заплашување и насилство и да не поттикнуваат политички и меѓуетнички тензии

Мисија на ЕУ: Кампања без закани и фер и кредибилни избори

Дополнително, воспоставувањето на законска и политичка одговорност за снимањето и содржината на прислушуваните материјали е неопходен елемент за затворање на поглавјето на политичка криза, за што се заложија сите актери, се вели во изјавата