Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: ракомет
Селекторот Раул Гонзалез објави список со 21 играч за претстојната ЕХФ недела (23-29 октомври) во која е планира само тренинзи, воигрување и тим билдинг како дел од подготовките за Европското првенство во Хрватска од 12 до 28 јануари догодина
Металург го положи оружјето и во вториот настап во групата Д во ракометната Лига на шампиони. Македонскиот вицепрвак овојпат согоре во сопствениот погон и загуби на домашен терен од Бешикташ со 27:31 (полувреме 14:14). Шанса за прва победа ќе се бара наредниот викенд (сабота, 17,30 ч.) во Скопје против Спортинг Лисабон
„Црвено-црните“ го совладаа Нант со 27:23 (полувреме 14:10) и останаа на врвот на табелата во групата А. Фереира Мораеш со шест гола најефикасен во натпреварот, Кире Лазаро со мала минутажа и без погодок за францускиот состав Наредниот викенд (недела) во Скопје ќе гостува ППД Загреб
Ракометарите на Вардар подобри од Висла во Плоцк со 26:22 во воведното коло од сезоната во групата А во Лигата на шампиони. Борозан ги предводеше „црвено-црните“ со 5 гола. Во сабота во Скопје ќе гостува Нант на Кире Лазаров кој на домашен терен го совлада ПИК Сегед со 30:26
Македонскиот и европски првак подобар од белорускиот состав со 31:23 во меч со кој се комплетира третата рунда од новата сезона во регионалното натпреварување
Македонскиот и европскиот шампион во меч за третото место на турнирот во Катар, што важи за неофицијално светско клупско првенство, го декласира домашниот претставник Ал Сад со 37:19 (23:9)
Охриѓани ќе играат со КРАС Волендам од Холандија во Купот на ЕХФ, битолчани против Гранитас од Литванија во машкиот Челинџ куп, а во женското издание на натпреварувањето девојките на Металург против Малага, а кумановки со Лублин
Премиерниот настап на „црвено-жолтите“ во третото учество на мундијалите е попладнево од 15 часот. Во групата Ц се уште и Шпанија, Бразил, Тунис и Буркина Фасо
Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави распоредот за новата сезона во елитното натпреварување. Гостувањето на шампионот во Полска е закажано меѓу 13 и 17 септември. Металург, пак, својата премиера во групата Д ќе ја има во Франција против Монпелје
Спортскиот директор на Вардар го наследува Дмитри Торгованов на кормилото на националниот тим додека сопственикот на „црвено-црните“ во наредниот период ќе биде и потпретседател на Руската ракометна федерација (ФГР)
Руската репрезентативка и македонскиот женски ракометен првак потпиша договор на две години со можност за негово продолжување. Игра на позицијата лево крило. Висока е 168 сантиметри и меѓу „црвено-црните“ пристигнува како слободна ракометарка. Лани го освои златниот медал со „зборнаја“ на Игрите во Ро де Жанеиро
Натпреварите во групата Ц ќе се играат во Загреб, трите најдобропласирани репрезентации ќе продолжат во главната фаза во Вараждин заедно со најдобрите три тим од групата Д. Завршниот турнир ќе се одигра од 12 до 28 јануари во Хрватска