Browsing: седница

За избор на владата е потребно просто мнозинство, односно 61 глас, а коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ плус ДУИ и ДПА има мнозинство од 62 пратеника во Собранието. Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ вчера најави дека ќе учествува во дебатата за избор на нова Влада и како што изјави партискиот портпарол Димче Арсовски ќе гласа „против“

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница донесе едногласна одлука и за зголемување на паричниот надоместок за членовите на општинските изборни комисии за 20 отсто, а здравствените работници што учествуваа во процесот да добијат по 6.000 денари

Членот на Државната Изборна Комисија, Борис Кондарко информира дека граѓаните нема да смеат да одат на гласање со маски со амблеми на политички партии, бидејќи тоа ќе се третира како агитирање на избирачкото место што е забрането со закон

Министерството за внатрешни работи, Инспекцискиот совет и Финансиската полиција добија задолженија за изготвување на посебни акциски планови за контрола и за спречување на отстапување од мерките за заштита, како и санкционирање на секое непридржување до донесените мерки. Апликацијата „СтопКорона“ станува задолжителна во секое решение за изолација од Државниот здравствен и санитарен инспекторат