Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИВИЛ и МЕДИА ДИЈАЛОГ од Германија организираат голема меѓународна конференција во Скопје за заканите против демократијата

0
By Marija Todorovska on November 28, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 28, 2024 12:59

ЦИВИЛ – Центар за слобода (Северна Македонија) и МЕДИА ДИЈАЛОГ / Y4M (Северна Рајна-Вестфалија, Германија) објавија дека претстојната меѓународна конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во лицето на војната, национализмот и авторитаризмот“ ќе се одржува на 11 и 12 декември во Скопје, Северна Македонија.

Овој голем меѓународен настан ќе ги собере водечките експерти, креаторите на политики, лидерите на граѓанското општество и новинарите од Европа и САД за да се осврнат на итните закани со кои се соочува демократијата и човековите права ширум светот.

Владата на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија (NRW) ја поддржува оваа важна меѓународна конференција. Настанот е дел од Неделата за човекови права на NRW, која вклучува различни формати на оваа тема. Северна Македонија и Северна Рајна-Вестфалија се поврзани како земји партнери од 2021 година.

Додека слободниот свет се соочува со нови и засилени предизвици за фундаменталните демократски вредности, стандарди и практики – од ескалација на конфликти и бранови на национализам до раст на авторитарни режими – оваа конференција ќе обезбеди критична платформа за размена на наоди и анализи, и изготвување применливи препораки за демократска отпорност и слободата на медиумите. Преку панел дискусии, работилници и можности за вмрежување, учесниците ќе истражуваат смели стратегии за соработка за да се спротивстават на дезинформациите, да ги заштитат човековите права и да ги зајакнат темелите на демократските општества.

Најважните моменти од конференцијата ќе вклучуваат посветена работилница за предизвиците и можностите за демократска одбрана на 11 декември, по што ќе следи средба на прес-настанот и отворање на изложба по повод 25 години посветеност на ЦИВИЛ за демократијата и човековите права. На 12 декември, присутните ќе се нурнат во четири клучни панели, обработувајќи теми како што се:

  1. Демократијата под опсада: Како војните и конфликтите ги дестабилизираат демократските институции и поттикнуваат дезинформации
  2. Подемот на крајно десничарскиот национализам: Анализи за влијанието на крајната десница врз општествената кохезија и улогата на медиумите во спротивставувањето на нејзиното ширење
  3. Спротивставување на авторитаризмот: Ефективни стратегии за отпор на авторитарните тактики и заштита на демократските слободи
  4. Историја и иднина на бескомпромисна посветеност на демократијата, човековите права и медиумските слободи: Посветеноста на граѓанското општество кон демократијата, човековите права и медиумските слободи

Списокот на панелисти вклучува истакнати лидери на граѓанското општество, медиумски професионалци и експерти, универзитетски професори и дипломати од повеќе земји во Европа и САД, регионот на Западен Балкан и Северна Македонија. Списокот ќе биде откриен во следното соопштение за печатот на организаторите, а сите информации ќе бидат достапни на специјална веб-страница на конференцијата на македонски, албански и англиски.

Дискусиите, дизајнирани да инспирираат значајни решенија, ќе се пренесуваат во живо на YouTube и Facebook за да се поттикне поширок ангажман на јавноста, а онлајн учесниците ќе бидат добредојдени да се приклучат на дијалогот со нивните прашања и коментари. Медиумите низ земјата, регионот и глобално се охрабруваат да се приклучат и се добредојдени да го реемитуваат настанот.

Конференцијата ја одбележува и 25-годишнината од ЦИВИЛ, една од најистакнатите граѓански организации во Северна Македонија, посветена на унапредување на демократијата, заштита на човековите права и спротивставување на дезинформациите и хибридните закани против демократските вредности.

Оваа објава служи како покана да останете информирани за овој значаен настан што ветува дека решително ќе се соочи со критичните прашања, ќе ги нагласи суштинските партнерства и ќе изготви нови правци за дејствување кон посилна, поотпорна демократска иднина.

Дополнителни детали, вклучувајќи целосна агенда и дополнителни гости говорници, ќе бидат споделени во наредните денови.

Останете во контакт за повеќе информации!

ЦИВИЛ и МЕДИА ДИЈАЛОГ / Y4M

демократија конференција Медиа дијалог Скопје Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.