Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Василев за ТВ 24: Иванов ги спаси Грујевски и Бошковски

0
By Нова ТВ on May 18, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Главниот аргумент на грчкиот Врховен суд за да не ги екстрадира во Македонија била амнестијата која ја направи претседателот Ѓорге Иванов пред две години. Во листата амнестирани беа 57 лица, а меѓу нив и Грујевски и Бошкоски. Тамошниот суд одлучил дека еднаш донесена одлука за амнестија не може да биде повлечена потврди и адвокатот за ТВ 24, Петар Василев.

Според неговите проценки, тие најверојатно од понеделник излегуваат од екстрадиционен притвор во близина на Солун, каде се сместени веќе осум месеци, по апсењето на солунскиот аеродром со лажни пасоши.

Тие таму чекаат и политички азил, за кој е закажано и рочиште следниот период, но ги чека и судскиот процес за лажните пасоши со кои се претставуваа како Христо Атанасов и Неџми Хасан.

Врховниот суд во Атина денеска одлучи дека двајцата не треба да бидат испорачани во земјава, бидејќи нема услови да им се овозможи фер судење.

Претходно судот во Солун одлучи спротивно од Врховниот суд во Атина. Тамошниот суд пресече дека неразделниот двоец од УБК треба да биде екстрадиран во Македонија, постапка која траеше со месеци поради немањето официјален превод на македонски.

За Грујевски и Бошковски во Грција се водат три различни и меѓусебно неповрзани процеси.

Горан Грујевски и Никола Бошковски од 13 февруари по нивното пренесување од Солун во Атина, се наоѓаат во атинскиот затвор „Коридалос“.

Сите четири рочиште во Врховниот суд во Атина поминаа без никаков интерес од медиумите во Грција, а единствен новинар во судницата беше дописничката на МИА од Атина, нешто што беше и еден од аргументите на адвокатите на Грујевски и Бошковски да побараат рочиштето да биде зад затворени врати.

Горан Грујевски и Никола Бошковски во октомври лани беа уапсени на аеродрoмот во Солун, со лажни пасоши, кога сакале да заминат во земја од ЕУ.

Во Македонија,  Грујевски и Бошковски се обвинети во случајот „Таргет – Тврдина“, дека преку три системи за следење на комуникациите во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Покрај нив двајца обвинети се и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски.

Рочиштето за овој предмет е повеќепати одложувано, бидејќи се очекува одлуката за нивната екстрадиција.

Горан Грујевски веќе е осуден на една ипол година казна затвор во случајот Тврдина 2 за незаконско уништување 2.047 документи, од кои дел  биле поврзани со набавката на опремата за прислушување.

Аболицијата на Иванов – почеток на Шарената револуција

Иванов на 12 април донесе одлука за аболиција за 56 функционери и нивни соработници од судско гонење

Како реакција на аболицијата, започнаа масовните протести кои потоа прераснаа под името „Шарена револуција“.

Хронологија: Протести по одлуката за аболиција

Покрај повиците од сите меѓународни институции, од ЕУ, од САД, Германија и други европски држави да ја повлече аболицијата, во јуни 2016 Собранието расправаше за отповикување на претседателот Иванов, која не беше усвоена. И дел од аболицираните лично побараа аболицијата да биде поништена.

Претседателот Ѓорѓе Иванов на 27 мај донесе одлука да поништи дел од одлуките за помилување на вкупно 22 лица. Како што рече Иванов, цврсто е убеден дека аболицијата која ја донел на 12. април и понатаму смета дека е клучна за решавање на кризата и тоа го направил во интерес на државата и на граѓаните.

Не сакам веќе никој да има сомнеж. Ниту еден политичар не е над законот, ниту еден политичар не е недопирлив, напротив, секој ќе одговара за своите постапки, изјави Иванов повикувајќи ги сите други кои не с епомилувани согласно измените во Законот да поднесат лични барања за поништување на одлуката за нивно помилување.

Делумна аболиција: Кој за што беше помилуван од Иванов?

амнестија Бошковски Грујевски екстрадиција Иванов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.