Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Апелација ќе ги слушне жалбите на Јанакиески и Божиновски за притворот

0
By Нова ТВ on November 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 26, 2018 08:13

На посебни јавни седници во Апeлацискиот суд, одбраната на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски денеска ќе образложaт жалбите со кои бараат укинување на притворот.

Тие беа притворени на 14 ноември, на барање на Специјалното јавно обвинителство, кое се сомнева дека планирале бегство. СЈО се повикува на службена белешка од УБК според којаЈанакиески преку посредник барал амнестија до претседателот Иванов. .

Одбраната смета дека тие се ставени во  притвор без да се овозможи да се произнесат пред судот и тврди дека не се запознаени со докaзот. Од одбраната тврдат дека не постоел никаков посредник, ниту се барало амнестија од Иванов, како што е наведно во белешката.

Од Кабинетот на Иванов пак, негираат дека имало посредник и тврдат дека Претседателот Иванов имал средба со Миле Јанакиески, дента кога Груевски објави на Фејсбук дека е во Будимпешта, потврдија од Кабинетот на шефот на државата, но наведуваат дека на средбата не се разговарало за амнестија.

Од ВМРО -ДПМНЕ обвинуваат дека притворот е базиран на фингирана службена белешка, класифицирана како строго доверлива. Ден пред седниците на Апелација, бараат судиите да им дозволат на Јанакиески и Божиновски да се бранат од слобода.

-Како што ВМРО-ДПМНЕ и претходно изјави, раководството на ВМРО ДПМНЕ со господинот Мијалков подолго време нема комуникација и не ги знаеме деталите за неговото приведување. Меѓутоа, од она како што јавноста може да оцени, секој политички монтиран процес не смее да биде оправдан од јавноста и не смеат да се користат институциите за политички цели, изјави портпаролот на партијата Димче Аровски.

Од СДСМ пак сметаат дека ВМРО ДПМНЕ се обидува да влијае врз судството.

-ВМРО-ДПМНЕ како и порано и сега продолжува брутално да се меша или да има обид да се вмешува во правосудството. Нашиот став е конзистентен и е многу јасен и прецизен дека, настрана од политиката ние немаме право да се мешаме во одлуките на правосудните органи, изјави портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.

Откако екс премиерот Груевски избега, по Јанакиески и Божиновски беше приведен и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, кој е трет негов близок човек кој заврши во притвор. Следнава недела се очекува Апелација да закаже седница и за приведувањето на Мијалков, за неговата жалба за притворот.

Апелација Божиновски Иванов јавна седница Јанакиески Мијалков притвор СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.