Browsing: СВЕТ

Во источниот дел на Кенија утрово вооружени напаѓачи упаднале во колеџ во местото Гариса, пукајќи кон сите пред себе во хостелите од кампусот, при што најмалку две лица се убиени, а десетици се ранети, јавија кениските медиуми

Енергетиката и туризмот претставуваат голем потенцијал во односите меѓу Русија и Грција, оценува грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за „ТАСС“, во однос на претстојната посета во Москва на 8.април

Српскиот премиер Александар Вучиќ во неговиот авторски текст за весникот „Политика“ пишува дека, „некој негде погрешно пресметал дека лидерот на Српската радикална странка Воислав Шешељ бил фактор кој може да ја потресе владата на Србија“

Исходот од изборите за сега е неизвесен, а според истражувањето на јавното мнение, и конзервативците и лабуристите имаат сличен рејтинг. ТВ дебатата помеѓу седумте лидери на британските партии е закажана за 2.април

Нападите се случиле за време на преговорите помеѓу премиерот на Ирак, Хајдер ел Абади и претставници на земјата со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун

“Шешељ не го поткрепи тврдењето со докази дека жалбата Обвинителството не е врз основа на важечки правни мотиви”, се вели во образложението кое главниот обвинител Серж Брамерц го упатил до од Жалбениот совет